килибарен (прид.)
Кузман застана пред мене и сериозно ми подаде рака. Под неговите заби крцкаше килибарениот цигарлак.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Бил истиот оној дедо Геро: весел и насмеан, секогаш со кавалче на појас, крај кубурите со килибарни дршки.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И шуркањето на килибарниот млаз од чајот и танкото тропање на лажичето во шолјата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од горниот џеб на палтото вади килибарен чешел, молскавично го фрла кон главниот тип со качкетот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Наместо килибарни или дрвени зрна нанижани со ашици, ашици ваѓани од детски костури.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А тој самиот лежеше малечок, напола свртен кон прозорецот, брегот под него и длабокото небо, чувствувајќи како првиот утрински ветер му ги мрси пердувите зариени во килибарниот восок.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Низ прстите на рацете, кои станале тенки и проѕирни по божикните пости, ѕиркаше килибарната бројаница.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Старецот ја држи в раце свештеничката капа заедно со килибарните бројаници, додека ветрот му ја развејува проретчената коса полека отплетувајќи му го врзопот од долгите бели коси, што лабаво му трепери на тилот. „Одете оче, засолнете се во пристанишната зграда, ќе Ве повикаме благовремено”, му рече Лука Карер на старецот во чии раце беше крстен во црквата на Св. Дионисиј, заштитникот на островот, добивајќи го името по својот дедо, но и според еден од четирите евангелисти.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ќе седи тогаш на клупата под маслинките, се опрел со лакти на колена, ги пребира килибарните броеници, - старче со провиснати мустаќи, наклапушено со паларија што се чини секогаш понова од алиштата што ги носи; ќе си седи и го задоволува својот навик да ја гледа убавината на тукушто подраснати девојчиња, цврсто стегнати во црни гимназиски кецели со бели околувратници.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Погледот ѝ застана на стариот црн германски телефон со махагони рачка и килибарен бројчаник.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)