кладенец (м.)
Од ден на ден оваа мисла Стале ја ширеше по сите околни села и почна редовно да се вртка околу дабот и кладенецот Илинец, каде што сопственицата — сега вдовица, — Трна, секој Илинден колеше по едно имањце како на вакавиште да ѝ го пази свети Илија последното детенце Петка, бидејќи пред некоја и друга година беше умрел мажот и Стале и три постари деца, та Пецето ѝ беше единствената надеж на изгорената мајка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И затоа тој го напуштил тој „божји рај" — Света Гора, и ете го, си дојде да ја исполни заповедта од „сајбијата" од кладенецот Илинец во Сталевата нива сака да му се направи меќани манастирче и дека ќе му направи многу зло на селото, ако не му помогнат во оваа работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На Илинден 1871 година тој ги покани сите чорбаџии и видни луѓе од соседните села на госта на новиот манастир, и тука, под големиот даб, над кладенецот Илинец, во нивата на вдовицата Трна, се отпразнува првиот Илинден, иако уште непокриена црквата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Паметиш ли, - му рече стрико Настас на деда Лика, - кога нѐ начека Луман во коријата над Бистар кладенец?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И, не чекајќи одговор, дојде до кладенецот, ја фрли гуњата од себе и седна на неа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Го зеде српот в раце и, готов да се ведне, рече: - Жено, оди наполни вода на кладенчето, па после да седнеме...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ноќва е ваза длабока без сон каде ’рти цвеќето на немирот И јас немам раце да ја скршам на белото кладенче на денот Немам очи да ја ослепам со жолтите плодој на чекањето Имам само една добра песна што го кроти просторот непроспиен Песна добра како кроток кавал што го чува стадото на надите
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Ги влечка Глигор нозете во мекиот песок и му се причинува: таму зад жолтунестите рабови на хоризонтот го очекува бистрото око на кладенецот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се напи вода, иако не му се пиеше и кога ја накрена лејката, му падна в очи големата плоча над кладенец.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога дојде до кладенецот: каде што преѓеска пиеја вода, се сети дека опасно ќе биде да влегува со се пари в село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ме водат во долот под Чучка, до кладенчето Трајкоско.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тие молчат и јас пак го слушам само кладенчето, поточето. Си ромори, ми ромори во душава.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Заколете ја, вели тој што им е како главен, војвода. Тие ги подместуваат штиковите, а кладенчето си ромори, небаре низ уши да ми поминува. 195
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тука некаде, околу коренот на дрвото, во густежот, се таи еден откриен кладенец, речиси вир.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Поради него, поради Акиноскиот што молел тука, кладенецот го завикале, а и ден-денеска така го викаат, Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Божем на стрина Николица нивна ѝ се сонил еден сон дека на Градишка Вода, чекор десно од кладенецот, има закопано златници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од бездна на кладенец шуртел чад и му ги затемнувал очите на изненаденото сонце што набрзо заприлегало како да ноќевало во стара баџа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потем три дена се молеше Богу во својата пештера и на четвртиот ден тргна вода голема од карпата, од Папокот на светот: вода студена, изворска, кладенец студен среде врела пустина!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога ќе ги посадам јагодите, ќе треба вода што ќе морам да ја влечам дури од едно кладенче близу до реката.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Лежеше на смртна постела Ефрем Ефремов и вака им зборуваше на пријателите: „Се наведнав да се напијам вода од кладенецот, близу до лозјето мое.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)