клапа (ж.)
Мислиш некој облак, некое клапче магла се тркала по опснежените ниви од полето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе се зададе озгора, како запалено клапче грмотрн, ќе се тркала, ќе се зголемува и ќе гледа кон селото, кон сретселото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А луѓево само се вртат ко клапче, ко клобурец.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ко клапче ми се собира овдека...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Клапчиња оган се тркалаат низ куќата, подрипнуваат кон покривот. Михајло, о, Михајло!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дојде сестра ми да ме посети. Излеговме и случајно во кафулето се собравме убава стара клапа луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)