клепа (несв.)
Некој косач си ја клепаше косата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Еден од Дуковските косачи седеше во тревата и си ја клепаше косата, а другиот, сигурно помладиот брат Кирил, со стомна в рака идеше угоре, по патеката што водеше до стубелот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Дуковци не се шегачат, - рече дедо Димо, кој беше седнат и ја клепаше косата. - Ќе проплаче тревата!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Камбанана клепа, вели! Уља, утре е нешто празник.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Зошто е клепањено, ја прашувам Уља, дали е празник или куќа некаде се запали. - За да бегаме, вели Уља, да излеземе од селово.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Оваа работа, ќе бара нова работа, вели Мирче. - Ќе бара, велам јас, ќе бара да се клепа ралникот, ќе бара орање, сеење и влачење...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Зар ти ќе клепаш секири, ѝ велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И, клепаме мрзливо со очите, подуени небаре кај риба, кај жаба.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ние уште така: отвори ги, затвори ги клепките, само клепаме со очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со тоа манастирот подосиромашел и клепалото престанало да клепа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Клепаше со очите и не веруваше. Уште повеќе не веруваше дека градот ќе го најде празен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)