клепне св.

клепне (св.)

Ни клепка му клепнува, ни прсте му мрднува. Лицето му е крпа и уште помазно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а душата ни лета кон Македонија, кон планината, кон шумата, како оди јагленот, уште шумата ми се гледа в очи, од некои повисоки дрвја не можам да клепнам со очиве, не можам да ги затворам, а и сонот ми беше лабав таму, во Америка,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не можам, што се вели, ни со окото да клепнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да клепнале пресилно од големата болка и веѓите се наведнале, се надвиснале, се стуткале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми е страв да клепнам, да не ми се истурат солзите. 19.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Клепна клепалото, - ќе речеше дедо ми кога ќе го сетеше мирисот на кафето и тогаш брзо-брзо баба ми прва се измолкнуваше од постелата, зашто таков бил редот, а по неа и дедо ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повелете. (Пауза) Чуден сјај во очите! Постојано широко отворени! Ретко клепнува!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Пискулиев го отвори вратничето, застана малку свртен спрема улицата, клепна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)