кокошка ж.
кокошкар м.

кокошка (ж.)

СПИРО: (Однадвор.) Што си се раскрекала како кокошка од темни зори, мори!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пржи кокошка, пржи јајца на масло.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Си се ујдисала со умот негов што го има колку една кокошка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кој ќе чуе утре, ка ќе рече: „На Митра Сукалова и го испила чавка умот, та зготвила кокошка со компири!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неговите кокошки биле пасени во оградите, бидејќи куќата му е на крајот на селото и тие јајца от такви кокошки биле појаки од оние што се од сретсело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Мори, a серат кокошките, златна Боле. Какво растење!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кокошките на патот рипаа од место кревајќи облаци прав, а зачудените луѓе зад нив, уплашени, погледнуваа по улицата нагор чиниш да видата дали арамијата сега по нив не влегува в село.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дури ни кокошка за празниците не сум колел.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги закла потсмешливо пак распеан како проповедник: „Касата не е кокошка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Неверојатно, рече кога разбра дека нивните кокошки пред тоа се клукале и ги скарале.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Овде има секакви, од кол и јаже собрани како на кокошка.“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Бистри извори, јаготки, малинки, диви свињи, зајаци, лисици, мечки, па дури и диви петли и кокошки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Многу селани од околните села идеа кај шаторите и носеа кокошки и јајца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Селаните им даваа на војниците кокошки и јајца, а овие им даваа сиви кошули, чорапи, фанели па дури и нови војнички чевли.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Спањето ќе ви биде онаму на чардакот. Кокошките сами ќе се тргнат на една страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кокошките, бишката, урнабабана одам на брзање, а на тоа Петра, комшивкана, ми се фатила за портата како капина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
По дворот околу неа кокошките го оптеретуваа ѓубрето што не беше исчистено откако кацна фронтот горе на Пелистер и во анот муштерии навраќаа од новина на погибел.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Вол, коњ, маска, магаре, овца, коза, што имаше добиток со четири нозе, та дури и кокошките ги собираа и ги тераа во дворот на Биринџиевци, каде што Мефаил кондисуваше секоја година и седеше по недела две, насладувајќи се од убавините на трите ќерки и двете снаи на чорбаџи Стојка Биринџиевски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе