колапс (м.)
Слично на колапсот на темпоралните раздалечини, што можеме да го следиме во електронскиот трансфер на информации, постои колапс на концептуалните раздалечини низ спарување на носталгичното или фамилијарното со футуристичкото или туѓото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таквите ограничувања на количините воздух какви сѐ последици ќе создадеа и каков колапс ќе се случеше?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Задушувањето на секој развој на демократијата го трасира патот на официјалниот колапс.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Доколку се случи, не дај Боже, кругот да биде прекинат, општеството ќе доживее колапс.“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Купена младина изигрува бунт кај чичко Сорос седнува в скут црвени буржуи полни со пара знамиња веат со Чегевара Масони демнат чип да ни стават ренген на улица на глава да прават болести нови наскоро следат на чело рогови нас да ни зденат „Божји“ главатари мерцедес возат пред нив сиромашни во црквите просат целата нација во духовен колапс Господе и правдата преживува пораз
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Сѐ почесто беше на граница на колапс.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)