колектив (м.)
Тапетарот Стојче, кој е висококвалификуван работник, работел во еден голем скопски колектив.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Додека се шетавме по париските улици, Стојче гласно размислуваше за себе, за бившиот колектив од Скопје.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Млад, неопитен и запален како и тукашните младинци, туку зеде по цел ден да држи конференции и да ги вие луѓето да стапат во колектив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но како никој, ни копуците, како што беше Борис Енда, не се согласуваше да влезе во колектив, Пената, на една конференција организирана за влегување во колектив и против бога, фати облог со мажите дека тој, ако се согласат тие да влезат во колектив, и за да им докаже дека веруваат во глупости, сам, ноќе на полноќ, ќе отиде на Самовилец и оттаму, за доказ дека бил, ќе го донесе копаничето со кое луѓето црпеа вода од кладенецот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сето тоа го правеа божем за да го фатат убиецот, кој всушност не постоеше, зашто Пената не беше убиен, си умрел сам, му пукнал дувот, а во стварноста тоа им беше начин да ги натераат жителите на Потковицата да влезат во колектив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа значи дека постапката на деконструкција и анализа на формите и ситуациите од минатото функционира како генератор за новите услови за развој на поединецот внатре во рамките на колективот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Со фонографија се карактеризира онаа класа на системи на писмо, во која сигнансот на јазиците не корелира со универзалните појмовни јазички категории, кои принципиелно им се достапни на сите јазички колективи на определено ниво од културен развиток.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, бидејќи „ние” (народот, нацијата, колективот) владее со „постоењето”, тој термин го употребувам во смисла на тоа владеење, а не на самото постоење кое му се измолкнува на секое „ние”. »» Дали ирониската дистанца е спас?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Никогаш не сум можел да живеам во колектив (тоа ја објаснува и потребата овде да не кажам речиси ништо и за моето семејство); дури имам отпор и кон јавните нужници, автобусите и возовите; ми се гади од помислата дека седам на столче или WC шолја на која седеле илјадници пред мене, макар таа да биде и целосно дезинфицирана и стерилизирана.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Се работеше за правото на колективот прв да одлучи дали обвинетиот е виновен или не. Така велеа другарите.“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тогаш во тоа едно село наше, Немањица, селаните се побунија против тие колективите и овие пратија таму и војска и полиција.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога се основаа првите селски работни задруги, колективите, кога државата само сакаше да види со какви проблеми може да се соочи при престојната колективизација на селското стопанство.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дилемата се шири низ цел колектив.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
О
ти располагаш со бол
во тебе се прекршува колективот
и други показатели
О
во тебе се креваат револуции
граѓански војни
и љубов - збирна множина
О
во тебе паѓаат снегови
снегови
О
во тебе тапани
нерви и
булки од секакво потекло
О
во тебе се Тие
О
во тебе отпадоци
остатоци
недостатоци
вертикали и
разновидни
интимни
чувства
О
ти си едно минато
неопределено време
О
можеби си човек.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Групираа и прередуваа комбинации на мајмуни по потреба: за храна, за откривање резерви со нови мајмуни, за слабостите и силните страни на поединците и колективите, а на крајот од секоја темелна пресметка, изгладнето напаѓаа.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Не, жено, ќе си останев јас на коравата смолница. И сѐ уште ќе бев таму да не ги собраа козите и да не ја заковаа земјата во колективите. Бевме меѓу чеканот и наковалната.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Впрочем, песната отвора простор за многубројни „ние’, за многу жители во таа множинска заменка: таа го замислува обожавателството како простор за многубројни колективи создадени поради љубов и идентификација, која не е ограничена на еден род и на една сексуалност, сите настрано сврзани преку своите трансверзални односи кон филмската ѕвезда и кон нејзиниот мас-медиумски приопштен лик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)