колонијализам (м.)
Индија во нејзиното искуство со британскиот колонијализам била покорена не од народ, туку од нација, далечен апстрактен ентитет.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ако, понатаму, го одземеме колонијализмот, тогаш сѐ уште ни останува балканскиот фашизам на усташите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во Париз се одржуваат последните сесии на разрешената историја, големите меѓународни конференции со кои се означува мирот по светските судири, големите војни кои доведоа до падот на колонијализмот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Судбината на Бургиба можеби сама по себе не би зазела посебно место во овие записи за минатите дипломатски години во Тунис и во Франција, доколку не се работеше за една од централните харизматични личности во светот кои на посебен начин го обележаа минатиот век, епохата на борбата на колонијализмот и неговиот пад.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Настојуваше да биде верен следбеник на револуцијата на Ататурк во создавањето на нова Турција, да ја лаицизира својата земја, да го најде нејзиниот среќен излез во судирот на источната и западната цивилизација, агонијата на колонијализмот и правото за слобода и независност на својот народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)