компанија ж.

компанија (ж.)

МИТРЕ: Ами, во... Како се викаше бре, Анѓеле, вилаетот што ќе те носи компанијата?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А штом ќе помине времето што си погоден со компанијата, се разбира ако не ти е арно таму, ќе му пишеш да те земе кај него. Разбираш?...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Таму е компанијата што ќе ги носи.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Честита ви Нова година на сите ... Арна компанија сте се собрале...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Затоа, ете, го чекаат да удри оној „високион" седум и да им ги фукнат клучевите на мазите, а Мамут и компанија да им фукнат на клинците и плочите, да прошерпаат по стотина двесте денеска, оти утре е сабота, та треба да ги задоволат муштериите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ами чаре, Толе? — почнаа да се тапкаат Сарафовци и компанија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој виде дека овие двајца минери работат копачка, а не минерска работа, а не вадат ништо, со кое се штетеше компанијата, и им нареди да го напуштат тој тунел или да се препазарат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бегаше почесто в град, купуваше пијалоци сѐ додека не го фати маларијата; идеше лекар од компанијата, го лечеше, но ништо не помагаше; Анастас сѐ повеќе и повеќе пропаѓаше...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Поинаку речено, така објаснуваат овде, својата економска самостојност не ја претопувај со својата безличност во некој голем концерн, труст или акционерска компанија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Исто такво уверување сретнуваме во српскиот весник „Јавност“: „Ние сакаме да ги увериме нашите браќа Бугари, пишува веникот, дека српското општествено мислење е сосема спротивно на лудите и донкихотовски уверувања на Милоша Милоевиќа и неговата компанија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Танјуговата“ фотографија: телото на носила, прекриено со бел чаршаф и нагаравените лица на присутните, со забележлив сладострастен навев, како да не се работи за преживеани, туку за компанија оџачари.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше војник во тајните пречкања помеѓу заибатсу, мултинационалните компании кои контролираат цели економии.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сето тоа го направил самоиницијативно и по одредено време ги однел своите цртежи во компанијата каде веднаш го вработиле.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За мнозинството тоа е зависност од типот: направи сам; луѓето радосно, доброволно, со уживање влегуваат во однос на зависност со маркетиншките компании, со експертите (технолошки или научни), со психолозите, психијатрите итн.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оваа предвоена компанија, настаната како специјален огранок на една од најдобрите светски фабрики за стакло Bausch and Lomb, својата популарност ја стекна за време на Втората светска војна кога американските пилоти како задолжителен дел од својата опрема ги носеа и ray ban наочарите за сонце.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Изгледот на компанијата за куки и јажиња навистина беше застрашувачки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога Мајкл Болкон (Michael Bolkon), заедно со Виктор Савил (Victor Saville) и Џон Фридмен (John Friedman), основале нова, независна компанија и почнале со снимање на својот прв филм, Хичкок, и покрај сите други должности, работел и како асистент на режисерот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мојот пријател, Дон Шредер, ми најде просторија во некоја бивша зграда на компанија за правење куки и јажиња, која ја изнајмив од управата на Њујорк за стотина долари годишно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дом стана сеприсутен збор во секој каталог во секоја маркетиншка кампања. Sony и другите нудат домашна забава, комуникациските компании ви помагаат да останете во контакт, а кредитните картички ви сугерираат дом во странство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Токму како што САД и СССР го контролираа светот минатите четириесет години дистрибуирајќи оружје во секоја услужна диктаторска земја, сега Јапонските и компаниите од Силиконската долина го ослободуваат светот со бескраен прилив на електронски алатки дизајнирани за индивидуална употреба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе