комплициран (прид.)
Тие закони дозволуваат да се повлече права кон оваа или онаа точка на иднината а не да се оди по комплициран кривулест пат со лажна потера по сегашноста.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Курикулумите ќе бидат еднодимензионални и поедноставени, комплицираните текстови ќе бидат упростени и површни.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Една од најголемите простории на најгорниот кат на Палацо Граси беше искористена за изложување на Дишановото „вализе“ и голем број оригинални слики репродуцирани во оваа комплицирана и прецизна збирка, обесена по ѕидовите што го опкружуваат експонатот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тоа, се разбира, е прилично комлицирано.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Предметот е комплициран во техничка смисла, има многу преклопувања меѓу термините; различни автори користат исти термини со различни значења; литературата е напишана на три водечки јазици: германски, англиски и француски, што уште повеќе го потенцира проблемот на преведување.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И покрај очевидната драматуршка комплицираност на пиесата, заситена со „литературност“ на дијалозите, „Настан“ (по првото студено среќавање на премиерата) беше сретнат од гледачите со одобрување.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ова никако не значи дека Сорос и неговите центри (посебно неговите центри!) се филантропски творби што лебдат на десет центиметри од земјата; сигурно дека има (како и секаде каде што има доста пари и комплицирана човечка инфраструктура) некомпетентност, непрофесионалност, бирократизација, махинации, недоволна отвореност, недоволна информираност, мешање на државата...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
После некое време сето тоа стана и премногу комплицирано.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Единствената плоча виси вертикално во средината а зад неа има комплицирана мрежа од шини на кои се обесени повеќе различни грамофони.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ние се повлекувавме збунето кон излезот, измислувајќи комплицирани приказни за дополнителни часови, за состанок на кружокот по природни науки.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Процедурата за идентификување на специфичните таблети е комплицирана, но лабораторискиот извештај е првиот најважен чекор, и додека Херман ги става во кеса и ги обележува двете неидентификувани таблети, нивниот сопственик седнува до мене.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Го сакав на еден особен начин, но, повторувам, таа љубов мене само ќе ми го уништеше животот, оти Јан Лудвик беше многу комплициран и конфликтен тип на човек.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Опаа, си помислив, Снеже има смислено ептен комплицирана приказна. Дури тогаш се збунив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Од сета терапија на својата комплицирана дијагноза тој највеќе го применуваше десеттиот рецепт од Богевиот совет да не се нервира; па затоа полната дланка апови, таблети и капсули трипати на ден ја заменуваше со три полни напрстока од капачето на шишето коњак.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Беше комплицирано да си ги одредам границите на фикцијата во мојот ракопис Татковите книги.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во понеделникот, на 14 мај во вестите, по долгите и комплицирани известувања за изборите во Италија и во Земјата на Баските во Шпанија, имаше само една реченица за Македонија:
Парламентот на Македонија синоќа го прифати формирањето на национална влада во која влегуваат различните албански партии со цел да се зачува стабилноста на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
105 Членот 16 од ЗВИЛ е едноставен, без комплицирани процедури, и ја регулира процедурата согласно која инвалидните лица кои самостојно вршат професија или дејност, заштитните друштва и другите правни лица кои вработуваат инвалидни лица бараат доделување на средства од Посебниот фонд.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Иако мислевме дека оваа операција ќе оди мошне брзо, излезе токму спротивното – дека барањето работници кои се спремни отворено да проговорат за своите маки, барем во македонски прилики, е прилично комплицирана работа, главно поради присутниот страв на работниците „да не им се случи нешто“ во иднина, нив или на нивните најблиски!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Колку за илустрација на неговата комплицирана и незавидна здравствена состојба, пред операцијата, тој имаше толкави проблеми што не можеше ниту да оди повеќе од 50-тина метри – заради замор, болки и гушење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога станува збор за иднината, за футуризмот, тоа е нешто уште покомплицирано.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)