комшиски (прид.)
И Ахмед, од сонцето спален, што обесил така некојси кадија грешен врз комшиска жена кој ставил изгнасена рака, да ја обесчести решен . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Кога ќе му кладат самар на добитче, првниот товар дрва ќе го разделат „за здравје“ на комшиите, а кога првин ќе меси девојче буле, ќе го разделат исто за здравје, по комшиските деца.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Иако гладни, тие заспиваа, како и најадените комшиски деца, растеа не помалку од нив.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Првото буле го намака со мед и го раздели на сите комшиски деца.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во еден од дворовите на комшиските куќи имаше прекрасна зелена трева. Вистинска шумска ледина.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Една жена не поведе со Ели во дворот од комшиската приземна куќа, каде што имаше бунар и ми помогна да ја измијам Ели, која за цело време плачеше, плукајќи од устата земја што ѝ напаѓа од малтерот.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Пред врата силуваното комшиско: Добро утро. (Како ли ќе ги поздравам на враќање?) Колата беше паркирана под газот на татко ми.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Во било која од комшиските... за да знае дали веќе поминал. Но тој не поминуваше.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Неколкумина Турци се проврткаа, му ги врзаа вилиците и палците на нозете еден за друг, а рацете му ги положија на мевот, па откако прошепотија неколку џенази според коранот, се тргнаа во другите одаи да каснат нешто од тоа што го беа донесле комшиските жени, зашто во куќата на мртовецот не смееше да се готви.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И така учтиво се криеме едни од други, гледајќи како комшиската коректност го убива комшијата во нас...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
овие станбени области со ограничен пристап и класната, расната и културната исклучивост која тие ја носат со себе претставуваат директна закана за „поопштите идеи на граѓанска заедница, комшиска поврзаност и заемна поддршка“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тогаш ме разбудија комшиските џукели и тргнав неминовно до веце да мочам а потоа седнав веднаш пред компјутер и почнав ко Фројд да толкувам сништа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
На долгата маса, продолжена со уште три комшиски, и столчиња „шест плус шест“, на кои имаше ставено везени перничиња, сите изработени во домашно производство или „хенд мејд“, зашто мајка ѝ беше убедена дека за ракотворбите надалеку ќе се зборува, беше поставено послужувањето, кое и самото беше приказна за себе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не е предлог на кумот комшиски, тоа е злосторство против народот и казниво дело...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Дворот веќе беше станал свртиште на сите комшиски мачки.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нов кум не ставам и постела не менувам, ко невестата комшивска, што пред време ја стопила честа во подножјето на Европското семејство...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)