консонантен (прид.)
Старосемитскиот систем на писмо е далеку поекономичен во споредба со спомнатите системи и дозволува со релативно мал број на графички симболи, кој приближно е соодветен со бројот на консонантните фонеми на старосемитскиот јазик, адекватно да се изрази фонетската слика на јазикот по графички пат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, основната карактеристика на спомнативе системи е нивниот алфабетски карактер, кој настапува како противтежа на силабичко- консонантниот карактер на изворното старосемитско писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа е постигнато со замена на семитските консонантни значења на одделните знаци со соодветни вокални значења на грчкиот јазик и со преобразба на некои консонантни значења од семитскиот систем.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Не сте знаеле за една НОВИНА која се објави дека: Древниот македонски јазик бил супстрат кој во себе содржел најупростен графички и фонетски систем, односно најупростен вокален и консонантен во секојдневната употреба и комуникација!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)