конструкт (м.)
4.1. Теорија за персонален конструкт: Никелска тура Теоријата за персонален конструкт, како што е формулирана од Kelly (1955, 1970) и елаборирана од Adams-Webber (1979) во суштина е конструктивистички модел на човечките процеси на репрезентација и организација на когнитивните функции.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Основните единици на анализа во овој модел се биполарни димензии наречени „персонални конструкти”, кои Kelly (1955, стр. 8) ги гледа како обрасци кои личноста „ги создава и потоа се обидува да ги задоволи наспроти реалностите од кои е сочинет светот“. 92 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Кога конструктот е дефиниран интензионално, неговата комплетна дефиниција вклучува три поими: генеричката природа (пр. вид) и биполарните опозити во кои тој се диференцира (пр. машко/женско) . . .
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се работи за вишок на естетизација и уметничка трансформација на секојдневното: машината, според вообичаената претстава, е неуморен конструкт, „дига рака“ на самата себе, се уништува, а притоа насилството го извршува на што е можно поестетски, сетилно привлечен начин.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
ОПЕРАЦИИ Светот, според Хегел, е „единство на даденото и конструираното”. Диференцијацијата меѓу она што е „дадено” и она што е наш „конструкт” е прилично сложена.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Кога светот на нашите патријархалци дотраја и ги премина сите мерки во истрајувањето на својот закостен и мртов животен конструкт, тие не пронајдоа сила за мирен премин од својот патријархален во новиот (кибернетички) век.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Со соголувањето и дословноста на репрезентацијата на „женското“ се создава критички потенцијал со којшто се преиспитуваат симболичките конструкти како општествено и историски условени.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Есенцијалистичкиот влог на националистичкиот конструкт Претходно споменав дека дихотомијата есенцијализам-конструктивизам ќе ја третирам како „патоказ”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Како што истакнуваат Бауд и ван Шендел: „Тие се основни примери за тоа како менталните конструкти можат да станат општествена реалност.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)