контроверзија (ж.)
Просторот е недоволен да се потцртаат основните проблеми, и да се назначат главните струи, сепак, ако ништо повеќе, низ текстовите провејуваат некои од основните контроверзи на феминистичката филозофија: дали е воопшто можна и како?, може ли да се даде нов своевиден потстрек за решавање на философските “проблеми”?; во која мера е блиска со, и зависна од постмодернизмот, идеологијата, желбата за превласт.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Дека неговиот литературен текст на безброј места се пресекува со реалноста, која е надвор од него, е факт лишен од секаква контроверза.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дилерот со уметнички дела, Hidenori Ota, вели дека неговите млади клиенти „немаше да знаат дека овде се сместени делата на Warhol и Hockney, ако немаше контроверзија.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
На таа точка се враќаме кон контроверзата помеѓу есенцијализмот и конструктивизмот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
БОЖО: Сееш отров, го кршиш законот, шириш контраверзи, го нарушуваш редот и мирот, нѐ деморализираш, ги навредуваш нашите најдлабоки патриотски чувства.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Но, да го знаев тогаш она што го знам сега – односно, дека самиот наслов на предметот ќе го чини Универзитетот на Мичиген речиси онолку време и напор да го брани колку што му требаше за да си ја одбрани доследната примена на позитивната дискриминација во своите приемни политики – сигурно ќе го наречев некако поинаку.
Меѓутоа, откако почна контроверзијата, веќе беше предоцна да му се менува името на предметот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)