конфигурација ж.

конфигурација (ж.)

Просторот, пак, што го оградува Потковицата, иако е замјиштето истородно со она во цела Пелагонија, алувијално, во многу нешто, во однос на конфигурацијата и вегетацијата, е поразличен од сите слични во неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Деветте лингвистички конфигурации на филмот се напишани во форма на спирала со ротирачки дискови и се прикажуваат одделно меѓу секој од десетте “оптички дискови”, кои се вртат во круг. 182 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бојс еднаш рекол: “работите во мене” - чувствата и физичката конфигурација која можат да ја симболизираат надворешните културни работи - мораа во потполност да бидат трансплантирани: некаква физичка промена мораше да се случи во мене.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По Втората Светска Војна на Запад имаше подем на општествена конфигурација што овозможуваше управување со социјалната динамика.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Она што на почетокот започнува со случајна конфигурација на белези и стратегии започнува да се развива на многу организиран начин,“ заклучува Холанд.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За системите на писмо може да се зборува врз основа на графетички фактори, како што се големината, стилот и конфигурацијата на симболите, или смерот на пишувањето; но ова не ни помага да ја разбереме суштината на графемите и како тие се употребуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кејџ се обидува да нѐ увери како тој всушност “снима” извесни конфигурации и произведува објективни “фотографии” или “разгледници” на јазикот, но токму тука се покажува дека таа објективност е празна и дека јазикот е пред сѐ човечки артефакт, со структура и значење кои на тој начин не можат да се уловат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тие го постигнуваат тоа не преку негирање на доминантниот дискурс на историска меморија и потрошувачка, туку преку влегување во дијалектички разговор со јавноста, во обид да се воспостават односи меѓу различни историски рамки, симболички контексти, како и социјални и политички партии конфигурации: „За мене, централно прашање е каде сме ние денес со демократијата во однос на уметноста?
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Истражувањето нѐ потсетува дека сеприсутната реторика на ’глобализацијата’ и нејзиното навидум непостоење на граници често служи да се затскрие постоењето, како и политичкото значење, на границите во современите геополитички конфигурации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
- Графит на главната пошта во Сараево, 1992 Во литературата за границите често се прави дистинкција меѓу „природни“ и „неприродни“ граници, поврзани со географските конфигурации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тие гледаа дека сум многу несреќна во околностите во кои се наоѓав, најмногу заради моите цивилизациски потреби за окружување со повисока интелектуална конфигурација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)