координација ж.

координација (ж.)

Јазикот не е возило што ги разнесува комуникациите напред-назад меѓу индивидуалните умови; тој е координација на физичките околности меѓу членовите на една социјална група, што го задржува структуралниот интегритет и на социјалната група и на индивидуалните членови на таа група.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од време на време се губи контролата на говорот и координацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поголеми дози предизвикуваат лоша координација, пречки во говорот, невообичаени екстреми на емоциите и промени во расположението.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Корисниците имаат нејасен говор и слаба координација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа првенствено би се однесувало на проучувањето на моторичката контрола и координацијата на рацете и очите, како и на психолошките процеси што се одвиваат за време на читателовото перципирање и запомнување на знаците.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Делови од триумфалните фрази се пробиваа низ вревата од гласови: „Голем стратешки маневар... совршена координација... целосен распад... половина милион заробеници... комплетна деморализација... контрола над цела Африка... војната доведена на одмерлива далечина од крајот... победа... најголема победа во историјата на човештвото... победа, победа, победа!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
2. Сојузничките воздушни сили ќе дејствуваат во координација со нашите акции.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Обидете се, во вашите области, да обезбедите бази за полетување на авиони и понепосредно регулирање на тактичката координација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
5 За исполнување на овие задачи биле формирани ограноци на СОЕ во Каиро за одделни земји кои ја насочувале својата активност во координација со Врховната команда на Средниот Исток.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Истовремено, надворешната контрола беше зголемена, особено преку хармонизација на контролата, координација на разузнавачките активности и полициските сили.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Пред да започне спорот опишан подолу, тој беше вработен како административен работник во една библиотека, чие работење всушност беше финансирано преку проект од странска агенција за меѓународна помош, а чија координација одеше преку Амбасадата на конкретната држава во РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но по навестувањата за можноста од нова војна, кон крајот на триесеттите години стравот во Америка од фашизмот и од „комунистичката петта колона“ бил причина Франклин Делано Рузвелт да се заложи за поголема координација на разузнавачките оддели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За исполнување на овие задачи биле формирани ограноци на СОЕ во Каиро за одделни земји кои ја насочувале својата активност во координација со Врховната команда на Средниот Исток.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)