копка несв.

копка (несв.)

Крај трупот Кузманов со тага коњот 'ржи; и уште беше тој во крв; ја копка земјата и лад со гривата му држи на стопанот и другар прв.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Беше си се замислил за сето што го преживеа последниве денови, а во душата го копкаше мисла за својата грешка што го застави да избега од домот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во главата веќе го копкаше нова ѓаволија.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И мелодијата појасно и посилно трепереше во мрачнината и го копкаше тажното чувство во него, разбудуваше и растопуваше некоја болка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Рана е тоа, жестока и парлива рана и тој ја копкаше, зашто сакаше да страда и да ја помати свеста во болката на страдањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мелодијата ја копкаше и разбудваше неговата неповерливост, сомневање и болка. Се ослободуваа затлачените сеќавања за Ана.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И него сега почна да го копка црвецот на сомневањето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Реши да се пробие преку Гола Глава. Го копкаше неизвесноста, го болеше судбината на дедо Иван.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сѐ нешчо ме копка однатре и ми вика „а бре тепај, море, тепај Турчин кај ќе видиш, кај ќе сретниш, тепај, треби пезевевенци. Ама гледај баре да има зошчо“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По толку време – си седи поштарот сам, Прета, копка нешто со бастумот пред него, Ѝ шепти нешто на земјата, И гледа една тажна жена осамена на прозорец, И се мачи да го одгатне раописот на животот, Избледеното писмо на чекањето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Да одам - да не одам. Море ќе одам, си велам, ме копка писмово.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но нешто ќе се случи, жално коментираше Чанга и мислеше да го остави читањето, меѓутоа, судбината на козлето силно го копкаше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Опа!” копкајќи со прстот таа повторно однекаде ја врати играчката и го намота конопот околу неа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А кога беше слободен, те копкаше во суштина истото прашање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не можам да разберам зошто судбоносна, тоа ме копка, можеби подоцна ќе се покаже зошто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го копкаше сега да е дома, да седне на својата работна маса, да го стави пред себе блокот и да се чуди што ќе прави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уште кога Татко ви рече дека најсигурни ќе бидеме во подрумот, мене започна нешто да ме копка, првин во срцето, потем во душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ама вечерта не спав добро. Утрото уште рано пак кај коските. Гледам, се вртам, копкам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Само мислата со којашто се упатува, со дигнат прст вперен кон мене, во беседи заведена ја копка сѐ повеќе и ја нагризува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе