копче ср.

копче (ср.)

Неговите сиви алишта не изгледаа веќе нови, беа стуткани и искапани, со искинати копчиња и распарани во рамениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стоев на влезот на широчината и ја полнев капата со џамлии, слики, копчиња, шпиртосани бубачки, перца, празни кутии од помада и безброј слични предмети. од неколку улици наоколу доаѓаа деца и ги оставаа своите играчки во мојата ученичка капа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Петиците на неговите чизми се искривија, лицето му се збрчка, сјајот на копчињата под виснатите веѓи изгасна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од неговото голо теме се цедеше вода во танки копчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога домаќинот уште еднаш го фати со немирните прсти копчето на неговата кошула, не издржа - околу нив почнаа да трчаат невидливи мачки со кучешки гласови и да се кострешат оџи во чии дворови се кријат митралези.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Радиото запре. Таа нервно почна да го врти копчето. Помина неколку пати со стрелката долж целата скала. Од секаде испрекинати, остри звуци на џез музика...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа беше вест што убиваше, вистинско сознание во пијанство пред кое и рамнодушноста запенува и се пропнува како исплашен коњ. „Тој те пцуеше“, чу и се тргна, ги спушти од дланка двете копчиња во празната чаша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му ја гледаше само левата страна од лицето, побелениот мустаќ млитаво виснат, металното копче од блузата жолто блеснато како око на мачка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Има црвен џемпер, темни сомотски панталони и широк ремен со блескави копчиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Неговиот другар со кого во болницата лежеа во ист кревет, со забите го кине копчето на џепчето од блузата, зашто двете раце и градниот кош му се изврзани со завои, ја вади со заби сликата на која му се жена му и син му и ја моли сестрата да му ја запне на штиците од вагонот; погледнува во сликата и испушта душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Па види ги, ми вели Мирковиќ, удирајќи со прстите по копчињата од шинелата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оди таа, одбира во газењето, а предниците од клашеникот само ѝ се поткреваат и копчињата ѝ светкаат ко очиња од пилиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Значи, ќе го притиснеш копчето и тогаш ќе почне да тече вода како... како дожд...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Плачот на хармониката со многу копчиња од седеф ги растажуваше и им ја распалуваше крвта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Една жена само си ги брои копчињата од фустанот: ќе ме земат, не ме земаат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се чудат како на копче без дупчиња, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш немало како сега хармоники со копчиња и други цигулки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Си ги презашиваме истрганите копчиња готови за паѓање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
стравот ќе збифта во мене - тогаш ќе се запали мојата внатрешна телевизија - на екранот сцени од кои не можам да избегам - низ моето вкочането тело програма што не се згасне со притисок на копчето - лекарка,
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Баба ми има една кутија полна копчиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе