краткотраен прид.

краткотраен (прид.)

По белузлавите влакна на долгите степкани бради потсветнуваат краткотрајни искри.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа е џвакање со ококотени очи, со оптегнати жили на вратот, (ржење наместо говорење во таа краткотрајна и жестока битка со гладот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога дојде сликарот, селото ја славеше слободата; секогаш луѓето слободата, иако краткотрајна, ја славеа на свој начин; ја славеа вратоломно, лудо, шеметно; можеби затоа што знаеја дека е краткотрајна.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нивниот од остава краткотрајни женствени траги по изгазениот снег.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тешко е да се предвиди ефектот што алкохолот може да го има при краткотрајни употреби.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се замеша и професорот Филип: „Сите видови се едни единствени, безбројни преобразби на едно животно, со кои тоа ја надминува безизлезната, штура краткотрајност на сите посебни тела.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Харнад: Всушност, би рекол дека активноста на некој човек кој прави кулинарски формални пресметки со молив и хартија би можела да е поинакво имплементирање (иако краткотрајно) на истата програма како она изведено од калкулатор (ако ги употребува истите рецепти).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За жал, сфаќајќи ја краткотрајноста и безначајноста на своето биолошко постоење, човекот- творец, често нетрпелив во своите настојувања да ги дочека плодовите на своите вдахновенија некаде во иднината, се обидува да го забрза своето уметничко созревање и раѓањето на своето дело, неретко користејќи и вештачки поттикнувачки средства. 142 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вториот е загуба на краткотрајната меморија, а третиот... го заборавив третиот”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Неговиот стил беше популаризиран со работата во краткотрајниот сурферски магазин Beach Culture и во првите 30 броеви на магазинот .
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не постоеја докази, само краткотрајни погледи што можеа да значат било што или ништо: делови од прислушнати разговори, бледи чкрабаници по клозетските ѕидови, еднаш дури, кога двајца странци се сретнаа, едно мало движење со рацете што изгледаше како да може да биде знак за распознавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓутоа нападите треба да продолжат против јавните работи со краткотрајно дејство или ако бидат нападнати ќе имаат краткотраен ефект.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На трети август, вторник, по еден краткотраен дожд претходната ноќ, заедно со Јована, отидовме кај гробот. Се разбира, со него се договорив за цената.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чекорев со Мајка во таа снежна виулица, со чувство на внатрешно задоволство од краткотрајната победа над Мајкината самота, која мораше постојано да се освојува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Заеби ти тоа... Џабе...“ На масата завладеа краткотраен молк.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Егзистенцијална фалинка.  Животот се добива на попуст на крајот од сезоната краткотрајна како поларна светлина. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Второто се покажа како вистинска, иако краткотрајна окупација.  Тоа го почувствува и самиот Лука Карер во чиј идентитет покрај грчките беа вплетени и италијански корени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Светот настанал од влажен збор. (настанокот на светот според Догоните) во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот. потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Сонот би можеле да го одредиме како краткотрајно лудило, а лудилото како долг сон.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Среќата е краткотраен феномен, таа е исполнување на некоја долго напластувана желба или потреба,“ рече брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе