крах (м.)
И Симон е тип на интелектуалец кој оптира со политиката иако декларативно стреми кон универзалното Добро, но и човек за кого не е сосема извесно дали е способен да го почувствува и страдањето на поединецот, дали неговата хуманост и емпатија се наоѓаат само во зборовите, во интелектуалниот порив, но не и во срцето, и дали затоа во оној момент кога тие преминуваат во дела, доживуваат крах.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Крајот на југословенската федерација, под налетите на силните геостратегиски поместувања во Европа, но и под силата на центрипеталните внатрешни националистички поместување, доведуваше и до крахот на моќната југословенска дипломатија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Доброто велат секогаш кратко трае по интуиција па токму кога помисли дека се решени сите негови проблеми, се случи ненадеен крах кој повторно го загорчи неговиот живот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)