кривулест (прид.)
Тие закони дозволуваат да се повлече права кон оваа или онаа точка на иднината а не да се оди по комплициран кривулест пат со лажна потера по сегашноста.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
ВО ЕДНО неделно мајско попладне кога сиот Париз беше огреан во сонце, и кога по Сена се влечеа хидроглисери, начичкани со патници и туристи, на кружни патувања околу Париз, и кога на ѕидиштата на оваа голема и прочуена париска река на самиот дофат на „Нотр Дам“, имаше најмногу продавачи на стари книги, геграфски карти, уметнички репродукции, пред една пристара црквичка на „Сен Мишел“, токму во овие кривулести и тесни стари париски улички, кои тоа попладне беа преполнети со шетачи и туристи, вниманието ми го привлече една поголема група млади луѓе собрани пред црквата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Луѓето ретко се решаваат од Јесенице во овие дни да минат во Австрија, зашто патот води низ врвовите на Алпите, и може секогаш да изненади магла, дождот, па и снегот, и тогаш во оние кривулести и стрмни серпентини не е воопшто пријатно патувањето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ова сигурно траеше добар дел од кривулестиот километар, по кој нè водеше Дог, низ разни патчиња и скали од јажиња.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Автомобилот тешко се пробиваше кон стрмата угорнина низ кривулестиот пат кој бил трасиран уште во времето на италијанската окупација со крајна цел во Тирана.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
„Тргнавме од местото Ресна кон Монастир“, пишуваше Барт. „Од Ресна води еден кривулест пат нагоре до Дарванскиот премин.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Остана уште обврската внучињата на баба Петра и дедо Костадин да ги подготви за враќање кај нивните родители, дури не смее ни да чека ако веќе еднаш овде се појавиле од црвениот крст, туку да се загне самата и да ги пронајде кривулестите патчиња што побргу ќе ги однесат во родителската прегратка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Покрај брегот со високи трски и наколку колипки, патот води по кривулестата линија што ги разграничува птиците на оние што летаат над земјата и оние што летаат над водата, сѐ до првата населба во која нашле засолниште преживеаните од војната, живуркајќи повеќе од езерото одошто од земјиштето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тежината на сопствениот крст Навлегувајќи во длабочината на сопственото битие, на подножјето на снежната планина тој го препозна кривулестиот пат, по кој што, во форма на шарена тенка змија, се нишаше, влечејќи се низ водената површина, долу покриена со магла, горе кон снежната планина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
7. Кривулестиот шумски пат не однесе на ридот Лисец. Извишен е 1827 метри над морето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пред куќите и по кривулестите улички беа изложени шарени керамички садови: стомни, чаши, чинии, бокали, филџани, ибрици, вази и ќупови за масло, за вино, за жито.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Дојде од купатилото гола. Од задниот дел на косата и плешките, кои не успеала да ги забрише со крпата, ѝ се тркалаа капки вода кои продолжуваа надолу по телото во кривулести поточиња сѐ до задникот и бутовите каде се распрснуваа и, така разлеани, целосно ја препокриваа кожата која со влажниот слој добиваше проѕирна жолто-руменеста боја со необичен сјај.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)