крик (м.)

По плачот општ се сети дека веста беше болна и танок таа пушти крик, да, како лавица, што дрско ловците ја гонат и плодот ѝ го крадат прв ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не се спротивстави коскената и јака маса на секот, што во овој миг до мишката, делејќи меса, сосем лесно стаса, и Махмуд пушти грозен крик.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
О слушај ме, ти можеш да слушаш крик мој секој пат: Час побргу ти сврзи ме со либето, мој боже, во твојот рајски светол кат!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Жените и девојките наведнале глави и, со насолзени очи, ја слушаат песната на разделбата без протест, без крик).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Наоколу лежеше тишина; во тишината се слушаше како шумно удираат притките по застојаната вода, од време на време прелетуваше со гладен крик понекоја птица риболовка или штрк.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Старецот замавна и со страшен крик на бледите усни го спушти стапот преку грбот на Кузмана.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога ти е најтешко, кога ти се чини дека гласот ти е крик, а погледот - молење, загледај се, нурни се во водите сини, ај, во таа свежина, во тоа шумолење.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
А кога сепак дождот ја разби летната спарина, остана на улицата крикот на оној во црниот автомобил: „Јас морав, разбирате ли? Морав така...“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Далечните делови со крик го вратија татнежот и беа во тоа повторување лути и подмолни; нивните камени грла фрлаат вековните соништа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го наслушнуваат далечниот смрзнат крик на гавранот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стој! За нокаут, стој! Диво чкрипење на кочници, недоречен крик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ми се загледа в очи и со крик што не беше посилен од криците на пауните се потпре со грб на полусува црвенолисна бреза, стана стебло, побрза да пушти жили во земјата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа не е бледа длабочина и не е подмолен вир Извор е што постојано пени со својот зелен крик.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Замав, удар, крик. Убиееец! Чиј? Нејзин?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Му се доближи но со бесен удар на крилото и со јаростен крик јастребот го отфрли далеку од себе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Силен крик му ги распори сега градите на Јакима и тој ги испружи рацете, се подаде стреснато и растреперено напред, како да сакаше да задржи нешто и да врати од далечината.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се сети за миг на своето тесно собиче со илјада мириси и на острите колкови на својата љубовница и не стаса да стане крик и плач.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Потоа... Чекор во воздухот и... страшен крик ја потресе Преспа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Крици. Од јаките заби на гусарите паѓаат натечените сабји.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чудно безгрижен, првпат по толку години, четирипати го заврте бројчаникот на касата и се претвори во крик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе