кркори несв.

кркори (несв.)

Усети и глад. Однекаде, како под земја, Мече дочу кркорење – тоа цревата се караа гладни меѓу себе.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Придушено кркореше. Стиснатата уста цедеше пенливи и нејасни зборови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Закачен на неговиот врат, Петко мавташе со нозете и кркореше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Една група се собрала и пеливаните се кркорат сред неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, невестата си е за невеста, токо, ај стоплите нешчо, оти цревата почнаа да ми кркорат како жаба моклишка! — вели Илко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се обиде да стане, во својот смрзнат страв да му се спротиви со извик, но во неговото грло крикот само кркореше; ни одблизу не потсетуваше на едно липање оставено еднаш во една тешка ’ржана зрелост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Му кркори во градите. Не може да го запре кашлањето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Остави ме, зошто не ме оставиш? - Во грлото ти кркорат ѓаволи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му ја смалува кршенката леб и на Патрокле цревата зачестено почнуваат да се преметкуваат и кркорат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се вратија дома. Уште од портата чичко Тале викна: - Каде сте? Цревата ми кркорат од глад! - Еве, - одговори старичката - ти ја носиме баба Наца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Отец Висарион се заниша, кркорејќи и откако падна на земја, почна да клоца со нозете, како обеспрашена пеперуга, - Сега врати ми го ножот, ми рече војводата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И стомната кркори, се празни. Мораш некако да се гаснеш. И тураш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој спие, кркори. Еден војник излегува од окопата понадвор. И иди право на мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Точно во дванаесет кутијата што беше обесена на една од гранките на врбата почнуваше да трешти, да кркори, да ѕвечка и веднаш потоа, чиниш низ карпи, ридје, шуми, бури и ветришта се провлекуваше и мачно излегуваше од кутијата мелодијата на „Емброс ЕЛАС ја тин Елада“.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крвта му шикаше од грлото, кркореше и го прскаше камен - темелникот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не сосема. наслушнувајќи го кркорењето на човекот со куршум во градите, коњот со винско испарување во ноздрите, од движење на кобра го зграпчил со заби офицерот за едната страна на лицето и со тргање го разголил до коска.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тогаш некој го пушти радиото: кркори на „Гласот...“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зошто ти не дозавршиш медицина, го прашувам, ало, нешто кркори, ало!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се обиде да стане, во својот смрзнат страв да му се спротиви на извик, но во неговото грло крикот само кркореше; еднаш во една тешка 'ржена зрелост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Паун Радевски и Филип Хаџиевски веќе кркорат во ќошот, а ние се смееме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе