кубист (м.)
Строго погледна низ својот цвикер во нејасната кубистичка слика на ѕидот и скоро се стркала во столот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Станав кубист и постепено дојдов до Актот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Многу патува (Париз, Лондон), се среќава со кубистите и со групата „Мост”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сето тоа пропратено со мали, тесни шапки во косите кои имаат апстрактни скоро кубистични форми, мрежи над очите со ситни топченца од свила во стил на Каролин Ребу, како и долги тешки шалови кои паѓаат на подот влечејќи се со движењето на моделот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)