кукла ж.

кукла (ж.)

АНЃЕЛЕ: Јас ќе му речам на татка им дека се многу умни и да прати пешкежи за Спаса и за Танета; за Спаса кукла голема со коси та кога ја навали да спие, а кога ја исправи да гледа; а на Танета, да му прати еден костим граѓански алишта, една топка за да си игра и една музика да си свири.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Најстина, тешко ќе ми биде на троица мажетани кукла да му бида, ама пак сет мал и стока и ќе му остане на мојте деца.. .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Куклата ѓаволски ги врти очите и одговара со придушен глас: - Може.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кловнот трипати удира со дланки да ги привлече очите на гостите потоа вади од под огртачот кукла која ја движи долната вилица и ѝ поставува прашање. - Тони, да се напиеме нешто?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се симнува да си купи тага од улицата За да ја успокои својата утроба И расплаканата кукла на столчето.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
- Не, не спијам, - одговори куклата. - Јас никогаш не спијам. Моите очи секогаш се отворени.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не можеше ништо да каже, зашто ниедна кукла не знае да зборува преку ден.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- О, ти не спиеш! - се изненади Месечината кога ја догледа куклата со широко отворените сини очи. - Доцна е, полноќ ќе е скоро...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Детето му ја преграбува ногата, а со другата рака сѐ уште здраво ја гушка кадифената кукла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Убавата, голема кукла Лила ги донесе Тетратките, а Росица веќе го наполни кантичето со мастило и го крена високо над нив.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Сега со нас игра нејзиното братче!“ „А тоа мене ми го скрши рачето!“ - простенка кукличето Калинка.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Лила - најубавата, голема кукла полека стана, си го поднамести фустанчето и скокнувајќи од долапот тивко простенка: „М-а-м-а“, потем се упати кон белото зајаче Џипси и му рече: „Тропни со барабанчето! Треба сите да дојдат на овој собир!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Црнчињата ме сметаа за бела кукла излезена од некоја нивна африканска бајка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Синооката кукла Илинка в ќош ја заборавила.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Кога заминуваше да спие, со жал ѝ ја подаде русокосата кукла на мајка си.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Не помина една недела кога од сите страни почнаа да пристигнуваат прекрасни кукли, подароци и писма од непознати деца.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш ѝ се стори како и самата кукла да беше почестена - гордо замина во стаклената витрина.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Малата кукла Бети слезе, огорчена од овој ладен одговор.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Уличните продавачи, со подвижните колички, продаваат кинески кукли и други играчки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но можат ли тие силни играчки, тие автомобилчиња, топки, кукли, балони и ред други да му го заменат на детето другарчето?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе