кукурига (несв.)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А потоа, наеднаш, животот излегуваше од нив и тие седеа околу масата гледајќи еден во друг со згаснати очи, како сеништа што бледеат на кукуригањето на петелот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кај кукуригаш напрчен, гиздав орозу, петлу нескротлив, на кој плот имаш кацнато, преку која тараба загледано?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Одушевена сум од рајчанината ава, кога наутро тивко ќе изгрее големото сонце проследено со кукурикањето, блеењето на овците, рикот на кравите...па ги открива раздвижените селани, ранобудници.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
2. Забрането веслање на суво Забрането суво во суводолица Забранет страв во пукотница Забранет пејзаж во поезија Забрането копање компири Забранет сомнеж во надежта Забранет вител во глуждот Забранет глужд во кабелот Забрането подгазување на газдарицата Забранет пикасо во кукуречани Забрането кукурикање во песочани Забранет одговор во дворот Забрането сонување на јавето Забрането јаве во несоница Забранета жед во жена Забранет страв во темница Забрането двоумење на делница Забранет црв во небесен корен Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)