купатило (ср.)
Убаво уреден стан. Со кујна и со купатило, а собите можат да примат два, три или четири кревети.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Мајка ми има дезодоранс во купатилото, а и тој е спреј, па веројатно може да успива, - му реков.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
По неколку часа - нејзините хулахопки и мојата кошула стуткано префрлени преку столица, намокрената четкичка за заби, во купатилото испарува топлината од туширањето.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Така и сторив: се измив, се преоблеков, а валканите панталони и маицата ги скрив во купатилото, мама да не се исплаши, кога ќе дојде дома.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Дома влегов на прсти и право во купатилото.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се навикнав на тоа Швеѓаните да ми зборуваат дека нашите гастербајтери чуваат свињи во купатилата, Германците за валканите клозети и мрзеливите келнери на Јадранското Море, се навикнав Парижаните да ми зборуваат за југо-мафијата, а Лондонците за „усташите“ и „четниците“, трепетот на цивилизираната Европа...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Темната комора се наоѓаше веднаш покрај купатилото кое сите го користевме - тие две простории дури беа и поврзани со обоен прозорец и, од внатре, можеше да се слушне како Били се поместува внатре.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во филмот My hustler од разговорот на учесниците (кој во најголемиот дел од филмот се одвива off- screen) дознаваме дека Пол Америка, предметот на нивното упорно набљудување (и желба) се занимава со проституција со машки; најинтересен момент е кога во купатилото ќе му падне пешкирот што му стои околу половината.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
На сон или буден, додека работиш или јадеш, во затворен простор или на улица, во купатило или в кревет - нема спас.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа стана и влезе во купатилото. По подолго време, излезе оттаму. Измиена. Исчешлана. Прибрана.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Тато, доаѓаш ли – го чу Борјан од купатилото, кога го запишуваше 90-тото, за мачката на кровот ... и два жолти ма..., кога Борјан пак го повика, сега потревожно: Побрзај, ми студи, дојди!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се сетив на пилешките крилца во белото тенџере во купатилото.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И дека распоредот на кујна плус купатило плус светли и темни ходници во нашата колективна свест е горе-долу ист како и во нивната?
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Дојде од купатилото гола. Од задниот дел на косата и плешките, кои не успеала да ги забрише со крпата, ѝ се тркалаа капки вода кои продолжуваа надолу по телото во кривулести поточиња сѐ до задникот и бутовите каде се распрснуваа и, така разлеани, целосно ја препокриваа кожата која со влажниот слој добиваше проѕирна жолто-руменеста боја со необичен сјај.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тогаш од купатилото се врати Азра која во меѓувреме со ладна вода се испрска под мишките и меѓу нозете и гласно негодуваше за шиштењето на славината над кадата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во тој момент заѕвони мобилката на Азра, таа се изви наназад за да го прекине повикот и да го исклучи телефонот, но не успеа, па мораше да стане од креветот, го зеде апаратот и со него отиде во купатилото.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Невесто, потивко пуштај ја чешмата дека со септичка јама сме, бргу се полни, а камионот (гомнарка) не може да се симне до кај нас, ах, мака мачиме со водата, а и ти при толкаво езеро, в купатило се капиш!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мојата соба имаше засебно купатило, а беше одделена од останатиот дел од станот со еден мал ходник Изабел ширум ја отвори вратата од мојата соба и ми објасни што сѐ има во неа, а потоа се повлече.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Кога ќе се искачиш по тие скали има мала врата која води до моето купатило и уште една врата за мојата соба.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)