лажовен (прид.)
Ами сега колку лажовни ќе излезат тие уверувања и на македонските комитети и на Бугарија, ако и едните и другите, од пасивен однос кон едно ново течење што бара „Македонија за Македонците”, а не за Бугарите, или од иронизирање со него, стапат во борба со него?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ама времето било лажовно, вели, курва било времето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не е уверена дека старичката не сфатила што се има случено таму, на север, во рамната земја, туку таа, веројатно, сака да има една лажовна искра, една студена надеж, како секогаш, дека нејзиниот човек ќе допруса до неа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тргнував по тие познати а лажовни виденија. Чекорев како слепец воден од ременот на нивниот пес.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се привикнав да постојам
ексклузивно, на Погибел
дури времето се мереше ноќе
како жена
дури со змијата ме споредуваа
со фалусот и ламјата
ја усовршив техниката
на помрачувањето, прељубата
немам причина да се натпреварувам
со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите
како нив, но и мене ме застрашува
Диве, Ероте, песјата страна
на жедбата, ненаситоста, иштафот
и мене бесови ме беспокојат, лунки
Шејтане, постојано сакам нешто младо
- Новина, Полутка, Полнеж
устата ми запени од подигање удини
јазикот од каскање, чинки чинење
од вдахновение и празноверие
и мене ме плаши изгревот на зајдисонце
коцкањето со светлоста
за само три дена лажовен
три дена налуничав
три дена трикрак, троглав жив-отец
и мене ме тревожи што долго
веќе многу долго преврат нема
вртолун, бела ноќ
на мојов месечински, на твојот животински појас
вртелешко вселенска, машка анатемо
Сонце мое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)