лапне св.

лапне (св.)

Ми го лапна лозјето, ламња ненаситна: го бендиса...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
РИСТАЌИ: Не треба! Сега кир Николаќи нека го порача прстенот, в недела ќе си направиме строј и тогаш: и благо ќе лапнеме, и винце ќе се напиеме... (го чука Николаќија по рамото). Вака ли, кир Николаќи?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дури таа вака си мечтаеше, раката ѝ врвеше по главчето горедолу, а наеднаш рачето на чупето го подигна гушалчето, ја пушти дојката и нежно, нежно го растегна малото устенце, гледајќи ја мајка си право во очи; пушти едно „гуу, гу, a? а?“ и почна да ја врти главата пак таму ваму: да ја лапне дојката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Намириса Мицко дека дедот Билјар вртка уште од турско по петшестотини илјади жолти и гледа на некој начин да ги лапне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Дедот Карабуклија во Рожден лапна половина лира, снаа му — бела меџудија, та белки и мене ќе ми тапосаат некое петле?"
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ничкосаниот чун пред куќата му служеше како маса: на него јадеше, на него пиеше, на него риби чистеше, грав требеше, зелки сечеше; отпадоците им ги фрлаше на гуските во езерото, кои, кога ќе го видеа, се собираа од сето село; тој им ги фрлаше отпадоците в клун и им велеше: „Лапни ми, да си ми здрава - дур' не ми паднеш в тава“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе ја лапне, си помисли Цивко, и во мигот со сите сили се стрча и му ја прегриза опашката на Мачорот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И тогаш за малку и јас ќе ја лапнев земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама оттогаш комитите- комити ли беа, арамии ли беа - очиве не ми ги видоа. Како да потонаа, да ги лапна земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Правам сопни се, и лапни го снегот, наполни ја устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас си ги стискам забите, ги превртувам очите, си ја прелапнувам устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како не излезе некој волк, ќе си велам, да ја лапне, да ја скине, и, сосе неа, да избега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А, вие, да не сакате да умрам за да ја „лапнете“ куќата во Влае, а? - шеговито додаде и ми намигна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црна земјо штура земјо зошто си се отворила како ламја си зинала Кого земјо ти се готвиш да го лапнеш да го голтнеш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кого земјо ти се готвиш да го лапнеш да го голтнеш...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му дофрлив парче леб со путер, останато од вечерата. Го лапна без да трепне.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Џонкинд, не сакаше да стои, тој сакаше да ја лапне кваката пред него.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јадицата на мушичката беше лична како цурајка со окце - тамам да зинеш и да ја лапнеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе