леарница ж.

леарница (ж.)

Знаев дека порано работел како чирак во железничката ложница, потоа како трговски помошник и најпосле во некоја леарница накрај град.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во леарниците, каде што се правеа куршуми, постојано пламтеа огнови и од оџаците се креваа јата бели, светли искри.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Среде во леарницата беше наместена голема железна печка.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Околу печката беа наредени валчести капаци за мини и бомби. На ѕидот од леарницата висеа неколку бомби.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Патиштата, фабриките, домовите, камионите, автомобилите, возовите, огромните погони и леарници, видливи и невидливи, сета земја во сите правци, високите згради во центарот на градот, станаа обвиени од мијазма на ништожност и јаловост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Чад излегуваше од безбројните оџаци на леарниците, пламени јазици искокнуваа од нивните отворени прозорци.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)