лекне (св.)
Навистина, од тоа можеби никаква помош не ќе дочека, ама сепак кога ќе те ислуша пријател сочувствувајќи ти, ќе ти лекне како половината од маката да ја снемало.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но не можев да се здржам, почувствував нужда да говорам пред него, да споделам, - да ми олекне...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Веднаш го препознавме шефот на некогашната пописна комисија, човекот од полицијата, со кожена виндјакна, сега со поиздолжени мустаци, па малку ни лекна.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На сета куќа ѝ лекна кога Татко го мина прагот...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И како дулците дурлеа и цедеа, така мене ми лекнуваше, низ раката до рамењата, од рамењата до градите, до душата под лажичката, до малото срце под ребрата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Од тој гест на мајка ми, на сите ни лекна. Сите се насмевнаа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Стариот сега беше сигурен како би живеел до крајот на својот живот само ако не се промени нешто, па макар малку да му олекне.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)