леска ж.

леска (ж.)

Не стаса и се уфна од тоа, проколнувајќи си го тоа свое не направено последно пречекорување, а и оној свој пријател што дотогаш се таеше во леските, а сега во најкрајниот миг за себе го прекина тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа тој сега тивко се приближуваше до едно чамово стебло, што стоеше на дваесетина чекори лево од дирата, в очи на оние лески и стеблото му беше сѐ поблиску, сето црно и со својот вечен ореол од густа миризба на смола, не смирена ни под тој висок снег, натрупан над неговите виснати гранки, со дебели, крстатни чикери иглички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше подготвен за средбата, што беше подготвен целиот тој ден, уште штом ги догледа оние лески напред, зад нагорничавата голина, во кои се забиваше крвавата трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги видоа тројцата луѓе под леските, но никакво подозрение не зедоа, бидејќи секој ден имаше пазарџии што си почиваа под сенките крај водата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таман припна горештината, по пресопта; ги фрлија сакмите под леските на лево и десно од локвите, наизлегоа булуци овци, брави, шилежиња и курдисаа да пладнуваат и тие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кинеме лисја од леските и пак ги затинаме ѕвонците. Како и порано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога сум ги ја драпнал, ба му ја, олкави лески сум прескокал!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Набљудувајќи го поленот под микроскоп, пресмета дека во еден цвет од јаболко има околу сто илјади поленови зрнца; во цветот од божур, околу три милиони; во реса од леска, околу четири милиони; во реса од бреза околу шест милиони; а пак во ресите на брестовите и костените по неколку милијарди поленови зрнца.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Низ оној прозорец што е свртен кон исток, го гледа брегот и неговото зеленило од разни дрвја: бор, костен, даб, јавор, багрем, липа, леска, евла, како и по некоја питома или дива слива, круша, црешна, кои никнале сами преку семките донесени од ветрот или птиците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не се вратил по измитарената шубара што од испотеното теме му ја симнала подадена гранка на стара леска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не помина миг време, кога од некаде, од кај ридовите, од над селото, од прнарите, од леските, од кај трњето, од кај капините, од зад сливите, од зад сувите треви, Алајко и Мире слушнаа свирки, тапани и тамбури, ечеше божја музика, божја милина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога никаде не го најдоа и откако со извикнување на неговото име ги пребараа сите лески, капини и скребјалници, се вдадоа да ја прошетаат планината открај накрај, и пак Илета Вегов никаде не го најдоа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Леските пуштија реси, расцути дренот, сипи жолта прашина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)