липа ж.
липа несв.

липа (несв.)

Во истото време подзедоа жените болно тажења, в припев редејќи, а однадвор им пригласуваше, липаше волно народот збиен, плачејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Татко ми е сиромав, самарџија... Најпосле јас имам под ноктите црно, кал... (Задржуваниот плач се пробива со придушено липање.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Се завртува, како занесена, кога ѝ паѓа в очи вратата потрчува, но пред неа застанува неможна, и, закрепувајќи се на вратата, ја спушта главата на рацете и липа од плачење). (ЗАВЕСА)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: (се враќа липајќи од плачење и трча кон прозорецот, го отвора, вади шамиче и мрдајќи со него вика).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кога ќе се опиеше, се бацуваше со амалите, липаше и се издушуваше некако шушкаво. Тоа ги развеселуваше луѓето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Липањето на виолината под дебелите прсти на писарот стана непотребно и глупаво.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тогаш улицата се смируваше. Престануваа доверливите шепоти на жените, а лагите на лимарот, и липањето на писаровата виолина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со заби го гушев липањето на твоите усни; тие беа набрекнати од болка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кикотење, кое не е далеку од липање, го исполнува мртовечкиот сандак на уште живиот Август Рицман.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чувствуваше: натечените, крвави усни уште понесопирливо се тегнеа во насмевка, зашто мислеше, ова е крај. Марија број два, зошто липаш?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа не е сѐ. Зад колата чекори третата судбина: ситнолико дете со суви усни и влажни образи; тоа се држи со двете раце за решетките и тивко, ретко, речиси нечујно липа низ раширените ноздри; погледот на влажните детски очи не се одлепува од кучето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На креветот, лево, од него, Марија липаше со потонато лице в дланки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Липаа потајно сите, плакаа и околу полноќ испозаспаа врз подот како прасиња еднододруго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Никола не ја слуша жената како липа над сандакот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тонеа заедно со нив во чад, крцкаво морморење и не видоа, иако, можеби, ќе им беше сеедно: Мирон липаше со забуцнати прсти в коса; неговите лути солзи имаа еден пат- се збираа на врв тапиот нос.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа се грчеше и искинато липаше со зафрлена глава, тој мислеше со ’рбетот дека ’рбетот ќе му прсне, и мислеше со мускулите дека мускулите ќе почнат да се кинат на танки кончиња, па после стана клопче без `рбет и мускули, без небо и корен, стана огнен здив и крцкот (Јано Јано Јано) како што беше и таа крцкот нејасен и искинат сладок бол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мајка му и една ситна црномуреста девојка липаа над него, а неговиот поглед, далечен и туѓ, беше управен кон синевината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но таа сѐ посилно липаше гушкајќи ме мене: - Не зборувај, чедо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Седум влади се откажале од своите фотелји, осум претседатели липаат, девет министри од очај околу детските кревети рипаат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Липаат низ прерија гитари, песната патот на Виски Вокер му го мери: - Оклахома, о Оклахома, тој беше најголем шериф.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Повеќе