литографија (ж.)
На розовиот ѕид, искапан со ситни златни цвеќиња, висеа евтини литографии: пејсаж - модра планина од која паѓа водопад пенлив и бел.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Другата литографија ми се допадна и ме привлече; дете и момиче се држат за рака и минуваат преку дрвено мовче искривено над бел и брз поток.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Особено го плени една стара литографија на која убаво се гледаше како бела санска коза дои лавче!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Преживуваше зобајќи ги со гадење затворските дневни оброци со помош на приборот закачен за дрвената маса, додека погледот постојано ѝ беше закован за литографијата на генералот Франциско Франко, која од височина владееше со мрачната средновековна трпезарија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа ноќ, во некаков френетичен напад, Марија ја искина литографијата на генералот во трпезаријата, ја шутна со сета сила пред вратата која водеше во дворот и се фрли на подот облеана во крв.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)