ли (сврз.)

47. Јас сум еднаш уверен оти во мојата постапка нема ништо предавничко: 1/ оти мислите, не само на приватни лица како мене, но и на сите Македонци од бојното поле и од Бугарија, и мислите, барањата и предлозите на целиот бугарски народ и на бугарската влада не се во состојба да ги изменат погледите на големите сили и на Русија врз потребите на македонскиот народ; 2/ сите усилби понатаму одвај ли ќе го променат поведението на државите по нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И вистина, одвај ли има нешто поарно од ваквото свршување на македонската криза: за народот тоа е арно, бидејќи ќе се ослободи и од интригантите од разни народности и ќе се откаже од разни поддупувања што го одвлекуваат од неговите мирни работи: црквата ќе го помири неоснованото непријателство меѓу разните народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак и да се допушти оти востанието тогаш ќе биде и посилно од сега и ќе ја принуди Европа да свика европска конференција, може ли некој да предрече оти решенијата на таа конференција ќе бидат во наша полза? – Одвај ли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Слегнеш ли долу в чаршија, минеш ли покрај дуќани - пукот и врева - работа и алат полно чекмеџе!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Камен ли му в гради легна стија ли го в коси стегна - срце селско - векот тажно!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Штамата чмае, штамата дебнее пуста проклета, како ли, боже, чумата в коските сичко стегнала.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Го закопка љубопитството: кој ли е овој чуден другар?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не беа ли тоа пипалките од чудовиштето потсечени под тврдите удари на младите бригадирци?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Ќе дојдеш ли горе, кај мене?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Еве го, побратимот Ристе ти е твој човек, нека рече, зборуам ли лошо?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги оставиле ли да се срамат пред сватовштините?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го праша Трајка што направи денеска, го фрли ли сето семе или му остана за утре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не го стори ли тоа за една недела – тебе те чека куршум!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо Најдо години со ред секои шест месеци купувал по едно грне тутун, и тоа му било мера: испуши ли помалу – нешто не му е добро, испуши ли повеќе – ќе се поболи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Те пробила ли отровна стрела на црнечко канибалско племе? го прашуваше. Кажи, те пробило ли? Илјада стрели, ѝ рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како тоа, помниш ли, има повеќе од една година, јас се готвам да се женам, а ти ми ја стори бегалка свршеницата?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ти помина ли? - го прашува таа. - Ах, не, уште повеќе ме боли...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ЛУКОВ: Што слушам? Треба ли ова да го разберам како знак дека господинот почнал да се вљубува?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сигурно е ужасно, мислеше Змејко кога сеќаваш како нешто ти недостасува, кога сеќаваш дека си останал без еден дел од своето тело, кој ти останал некаде незабележано по изминатиот пат зад тебе, во сите изминати денови, а ти си продолжил носејќи му ја празнината, постојано чувствувајќи се прогонет од тој недостаток, сѐ дури вџашувачки неочекувано еден миг не те натера да го побараш, и додека не откриеш дека си останал без него. Каде ли го загубив, мислиш, каде ли?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Немаше сомневање, кај колибата на дедо Иван гореше голем оган. Што ли можеше да биде?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе