ложа (ж.)
Трите нејаки маслинки. Железната ограда на мостот. Загреаната ложа на театарот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но каде беше таа што го покани да дојде и која синоќа толку го трогна со исповедта за нејзиниот живот да не можеше да ѝ каже потоа зошто ја повика во својата ложа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Изморено седна во истата ложа во која седеше и синоќа со неа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
* Во ложата седи убава госпоѓа; тешко е да се определат нејзините години, но таа е млада и уште долго ќе остане млада... Таа е раскошно облечена.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Меѓу масонските браќа на Карер се наоѓаа припадници на сите сталежи, нации и религии, така и ложата од Закинтос токму поради тоа цутеше од братска активност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Карер го помисли тоа, ги виде некои од тие пријатели на црно-белиот под среде убаво осветлената ложа, а потем се виде и себе си, исправен на нејзиниот симболичен исток, со свечената, богато декорирана престилка на мајстор слободен ѕидар, со околувратник што му ја симболизираше должноста во ложата и со бели ракавици на рацете, сѐ симболи на моралната чистота и посветеност на мајсторот масон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Забележа извесна вознемиреност, полни седишта во новинарската ложа, но не беше прв пат некоја измена на закон да предизвика такви реакции.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ние сме сон на тревите со корен на мисла дива, Отмена растителка на надежта во топлата ложа.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Грнчарот одеше по строгите патеки што ја поврзуваа работилницата со придодадени ниски ложи и нешто постојано објаснуваше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ама мама ме тегнеше за ракавот, веќе речиси немаше луѓе во ложата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ги гледав поздравувањата на Елса Пијаџо меѓу еден Шопен и друг Шопен, сирота, а од мојата ложа отворено се излегуваше на плоштадот, со почетокот на мостот меѓу огромните столбови.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)