лошо (ср.)
И не бери гајле, пак јас ќе те однесам и ќе те донесам и пак човек ќе те сторам; арно беше сега да не го окршиш шишето, ама откога ќе се стори едно лошо, не се враќа лесно.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Си зел в раце едно дрво некастрено како за стап, раце да му се најде, за од лошо да се брани, и тргнал на угорното да оди.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Значи, во XIV век Македонците официјално го носеа името Срби, коешто немаше зошто да го презираат и да се лутат на него. Во тоа име тие не наоѓаат ништо лошо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
СИМКА: Не коси се, Костадине. Не мисли на лошо. Денес е празник, не чини лутина на срце да си ставиш...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОТЕ: Така, Фросо, така! Лошото по душмани, а арното кај нас! Мајстори сте вие жените!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ФРОСА: Шуќур, шуќур кај не излегло на лошо. Црна мачка!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
МАРА: Така е, сестро златна. Еден ден ако не го видиш или не чуеш како е, веднаш умот на пусто лошо ќе ти појде.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ами сега ќерко, немам повеќе што да зборувам, ми го пресече зборот како со мед, со тоа што рече: „Лошо — арно како што ќе рече мама“. Блазе...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ништо, ќе одам. Не е толку големо лошото да го земе Николаќија отколку да не изгори!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Бог да ме убие ако мисла за лошо, лошо в куќи да ми дојде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вистина ќе го убиеме и Луман без јатак помалку зулуми ќе прави, ама затоа друго лошо ќе сториме: синовите и внуците ќе сакаат да одмаздат за него.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тој тебе навистина ти кажал како што велиш, ама дома рекол инаку: за да не му се случело нешто лошо, ќе го пуштел Лумана по друг пат да помине.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Бошко не претчувствуваше ништо добро, но си рече: „Ако лошото ти дошло на прагот, отвори му ја вратата за да не биде полошо.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Се разбира дека не поминаа ни арно, но има од лошо полошо, та затоа велиме дека не поминаа лошо.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но тоа ја налути Стана па силно ја потргна мачката за опашот. - Мјау-у! - Мјау-у! - жално списка мачката се истргна од рацете на лошото девојче и побегна дури во соседниот двор.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Од лошо има и полошо - одговори чичко Тале.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Не знам. Но работава ми мириса на лошо.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Одвај се држеше на нозе. Но не од лошо. Од што му беше убаво, преубаво.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Што луѓе се тие, професорите? Што бараат во неговата планина? За арно или за лошо?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)