мавзолеј (м.)
Значи, со мавзолејот е готово. Што да правиме со Кремљ?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Бургиба беше оставен во залезните години на животот во родниот Монастир, во својата летна резиденција, недалеку од величествениот мавзолеј, во кого веќе почиваа родителите, неговата прва сопруга Матилда од француско потекло.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беа останати живи некогашните реквизити на Титовото време и владеење - неговиот мавзолеј во Куќата на цвеќето во Југославија, резиденциите ширум Југославија, бродот Галеб, симболот на Титовите мисии во светот на неврзаните во времето на студените зими - во Индија, во Бурма, во Индонезија, во Етиопија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Турците му предложија, наместо да му ги отстапат посмртните останки на Ханибал, на истото место да се изгради голем мавзолеј, кој би сведочел против римскиот империјализам, но во исто време би бил паметник на турско-туниското пријателство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од бочната страна таа личеше на мавзолеј, а отворот во основата сугерираше на влез во подземна гробница.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)