мавне (св.)
Може да се најдат и луѓе што ќе речат оти треба да се мавнат од овој свет лицата со такви мисли.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Како мачка со опашка да мавнала преку нив! Види види, овие запци, полни со кал, види!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ишала! — Мавна со главата на поп Петка, на даскалот Бина и на Лесната.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Долното, горното, долното, горното, едното, едното! — се слуша од десетина сеирџии, кои со запрен здив чекаат Ристе да мавне.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога стадото замечтано од ливадата зачудено ќе ме погледне а малото овчарче ми мавне со раката Таго на детството напуштено Тоа ти ме викаш назад во своите сонливи длабочини.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
- Пих, проклетник! - мавна со раката Аргир, по комарецот што му забрмчи под увото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На старецот му е потребно да се мавне одовде и да се одмори.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Просто, треба да се мавнат одовде двајцата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Траеше денови и ноќи, денови и ноќи, а некој постојано трчаше и ги прескокнуваше темелите, се препкаше и паѓаше во нив, барајќи го, како некој изгубен дел од облеката, она свое насмеано и широко место, својот чекор, постојано крвав и палците и по колениците, постојано крвав на лактовите, истоштен, со последните сили, како човек, кој еве, за малку, за една трошка, што не дошол на дофат на нешто, што одамна го гони, и кој што ги прави последните напори за да го достаса, да го прескокне, и така, постојано, сето време додека нивното градилиште се престоруваше во едно проколнато место, од кое чиниш сите сакаа што побргу да се витосаат и да се мавнат, во едно чумаво место, во една болна арена, по која што умираа, крварејќи, и лавот, и гладијаторот, кадешто им солзат очите на сите мајстори, бидејќи веќе сите добро знаеја дека она си беше отидено, дека црвениот лав на сонцето беше веќе бесповратно папсан.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Туку мавни ги, си рече тој еднаш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш тие и се ограничуваа да го средат барем само она, што беше околу нив, барем што беше во нив, а она другото го мавнуваа .
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Муљазимот, гледајќи ја жената како се подгрбавила од тежината на чергите, се сожали, му мавна со рака на стражарот да се тргне и нареди: - Пушти ја, нека врви!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Прислужникот чичко Петре го боцка со врвот од опинокот и ми с’ска; „Мавни се!“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Им мавнав со рака и тие потрчаа кон мене со ластегарка в раце (држи се кроко, весело ќе е).
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- Крлеж! Јас ќе му покажам ... му мавна со рака да дојде.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ретко со едно мавнување да не ја погоди в глава.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Благица му мавна со рака. Врапчето заврте уште неколку кругови и одлета кон полето, кај дрвјата, цвеќињата, кај тревичката...
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Чудесни птици дојдени да надлетаат со своите гласови околу нас и со крилцата колку да му мавнат на животот. Ниту слушаат – ниту владеат...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И војводата мавнува со раката и комитите ги тргнуваат штиковите од под гушата моја. ־ Ај, сега оди си, вели војводата, ние пак ќе те побараме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сѐ сакам на мене да мавне, да ме смачка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)