маестро (м.)
- Добровечер, маестро! Го поздрави директорот на барот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- За вас, маестро, сѐ може... Се поклони директорот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Инаку, самата приказна во „Бебето на Макон“ е едноставна и заличува на некаква апокрифна варијанта на Новиот завет: една грда, стара жена (под маска) раѓа особено продуховено дете; нејзината убава и интелигентна ќерка (маестрална улога на ....) го користи детето за сопствена промоција, но и за добробит на градот Макон; се покажува дека детето има многу помоќни способности отколку што претпоставувала итрата ќерка- девица; обидот таа да ја загуби својата невиност од страна на еден локален високодостојник завршува со смрт на младичот; девојката сфаќа дека детето е тоа кое ја предизвикало смртта и таа го убива детето; за казна, осудена е да биде силувана од цела чета војници; таа умира, а низ целиот филм присутната публика (измешана со актерите на театарската сцена) на крајот вели „Каква добра глумица!“
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Така ме нарекуваа оние што се потрудија да ме оттурнат: Маестро ,велеа тие, не смеете да ги потценувате своите вредности.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Маестро Миха, држејќи до својот углед, а придржувајќи ја шарената марама околу непотстрижениот врат и брадосаниот грклан, ги испрати до излезот на бараката и патем им го покажа своето уметничко легло (мала ама самостојна просторија, нешто како портирница; или стражарница, како што би се изразил генералот, упатен во некогашната намена и на бараката, и на другите бараки, и на секој дел од логорот).
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
За големината другпат ќе стане збор, во посоодветни околности: - Јас сум маестро Михо, професор по керамика.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во секој случај, колку и да беше светот свртен наопаку, маестрото имаше одговор: - Колонијата има договор општината да ја снабдува со пристојно опстојување, од јагула до јаболко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Имате маестрална меморија на потеклото
(и шизмата ви е промислена!)
инстинктивна, интуитивна, прецизна
недвосмислено втисната во гените
мрестењето е обред на жигосување
стариот се вбризгува во новиот свет
на седумстотини метри
под морската површина, јасно е
- езерото не ви е доволно длабоко
ни за да се оплодите, ни за да умрете!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сонцето качено на огнена колесница што ја влече зелена раскрилена птица го исмејува на заровите блескотот А тие од лутина трескотат трескотат по синорите на таблата. Ликува со трескотот раката на маестрото. *
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Се смета за маестро на формата и на стилот, кој на единствен и оригинален начин го употребува англискиот јазик и (особено во романите) го применува до совршенство методот на созвучност и асоцијативност на литерарниот исказ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)