малоброен (прид.)
Притоа, мошне мала е веројатноста ваквиот систем за означување на бројните вредности да настане во архаичното грчко писмо со неговите 23 симболи, коешто поради малубројноста на своите симболи не е доволно за одразување на бројни вредности.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Него, потоа судбината го одведе кон Франција, каде што преживува со своето семејство и е еден од малобројните преживеани на сефардскиот солунски универзум кој страдаше речиси целосно во времето на фашизмот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Потоа фатија места во камионите и во малобројните автобуси, каде што им беа давани топли напитоци.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Подоцнежните веќе беа спорадични и малобројни”.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Та не беа малобројни. Зошто не се спротивставија? Зошто? Кому повеќе веруваа?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Оние што мислат дека им се задира во основите на општественото достоинство или дека дури им се подриваат тие основи, можеби нема добро да го примат тоа неспорно политичко натрапување – особено кога општествените повластици што одат со нивниот конвенционален родов идентитет се веќе толку малобројни, толку раштркани, толку привремени и кога толку лесно се губат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)