марксист (м.)
Според него, марксистичката идеологија е најразвиена и најприсутна идеологија во дваесеттиот век, најизграден примерок на идеологија; уште повеќе, марксизмот, како продукт на западната мисла „го задржува легитимитетот не само да биде изучуван и интерпретиран, туку и сѐ уште да биде инспирација“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но, фактот што марксистичката идеологија е дел од ‘формата на животот’ на авторот, не е единствен разлог поради кој тој најчесто ја дава неа како пример.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Дистинкцијата, која се пробива низ Германската идеологија, помеѓу марксистичка наука и чиста философска фантазија, е извонреден пример за тврдење кое го дофаќа она што Дерида го нарекува “полно присуство кое е вон дофатот на играта “ (1978, 279).
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Посткомунистичките жени исто така се соочуваат со прашањето дали конзервативните трендови во однос на жените во посткомунизмот се израз на еден патријархален културен систем кој му претходеше на комунизмот но беше држен под контрола од страна на марксистичкиот систем, или дали тие се резултат на самиот марксистички систем.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Иако настаната во периодот од 1989-1992 год, - во, како што самиот автор вели, „време на идеолошки превирања и превреднувања“, „време на ‘пораз’ на марксизмот - идеологија која ги обележи последниве сто години, - книгата нема намера да понуди содржинска анализа на марксистичката или на некоја друга идеологија.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ја рехабилитира марксистичката традиција; значењето на Грамши и Лукач и во Русија; наследството на Mikhail Lifshitz кој беше непомирлив критичар на европскиот модернизам.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Намерата да се обнови марксистичката традиција во постсоветската Москва е чин кој по ексцентричноста не заостанува зад Бренеровиот и Куликовиот „анти-интелигентен” егзибиционизам.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Почнувајќи од 1917 година, по Октомвриската револуција атеизмот добива нови облици и импулси од силното влијание на марксистичко-ленинистичката идеологија за конечно во периодот на сталинизмот да дојде до силни репресии на клерот, урнување верски објекти и нивна пренамена, како и создавање први атеистички музеи во светот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сѐ што Татко насетуваше во своите свети книги опкружен со марксистичките и со своите потраги во судбината на својот народ по падот на империите, посебно последните три (Римската, Византиската и Отоманската), и сега во загработ на сталинистичко-комунистичката империја, сѐ што можеше да предвиди, јас како да го откривав во музеите, во театарските претстави, во страдањето на вековно спротивставуваниот менталитет.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ќе се послужам со цитат од приредбата, на која една наша соученичка рече: „Марксистичката револуција го разурнува целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Со тоа, ако не се декларирате како народен уметник вие автоматски станувате болшевик и марксист, а штом сте тоа, вие немате духовен свет, не ја сакате татковината (многу години подоцна, откако заминав слушав сѐ уште коментари дека сум заминал затоа што не сум бил никаков патриот!), немате однос кон историјата и редовно имате руина од семејство.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем направи една подолга драмска пауза, зазеде една особено смешна, надуена поза и продолжи: „Марксистичката револуција го разурна целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бев наивен кога работев и ја одбранив докторската дисертација кога поверував дека дијалектичко- материјалистичкиот, односно марксистичкиот приод што го имав на париската Сорбона, во демократската и толерантна Франција, ќе претставува вистинска замка во мојата земја во времето на расчистувањето на сталинизмот кога страдаше сѐ живо и диво.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имав и имам поради тој париски докторат денунцијанти до крајот на мојот живот, кои станаа марксисти за секаква употреба, до денешни дни!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)