материјалист (м.)
Додека француските материјалисти го подложија на најбеспоштедна критика сето она што не му одговараше на здравиот човечки разум, прогласувајќи го разумот само за еден составен дел од механички сфатената објективна природа, — Кант со прониклива критика на тој разум дојде до заклучокот дека природата и разумот се две изделени „ствари за себе“ и дека формите на познанието му се дадени на разумот “a priori”.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Одговарајќи на своето прашање „Зошто материјалистите би требало да имаат страв од свеста“ Серл укажува: „Најдлабоката причина за стравот од свеста е дека свеста ја има суштински застрашувачката одлика на субјективноста.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Материјалистите се неволни да ја прифатат оваа одлика бидејќи тие се уверени дека да се прифати постоењето на субјективната свест би било неконсистентно со нивната замисла за тоа како мора да изгледа светот” (стр. 55).
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
За материјалистот, предметноста е есенцијална: каменот е камен, планината е планина, водата е вода, а земјата е земја.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Што се однесува до мене, јас сум материјалист на телото, што значи дека телото е основа на сета моја работа.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Историјата на белиот, лажлив, менопаузен маж што сега ја води планетава, е историја на повторувано насилство врз хармоничните закони на природата, кои имаат за цел воспоставување на тиранија на материјалистите возрасни над нежните, мирољубивите, младите, обоените.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)