матура ж.
матурант м.

матура (ж.)

Сѐ во неговиот живот: трите маслинки, градските стреи, црвениот и голмански дрес од студентските години, покерот и платените жени пред и по матура, сѐ, и извикот -да живеат сите ножови на светот. Сето тоа што сега е грст спомени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Едно попладне појдов до чаршијата да го поправам рачниот часовник, подарок од татко ми за матурата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
По матурата Марсел Дишан заминува за Париз кај братот Гастон.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сега имам запаление на зглобовите, тука, сега. Но го положивте првиот дел од матурата? Лесно! И вториот дел исто така лесно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Бројот на тинејџерски бремености е поголем од кога и да е порано, резултатите на матурите се сѐ попоразителни, бројот на убиства и самоубиства извршени од млади е трипати поголемо во споредба со оној од пред дваесет години.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во Велес држел бакалница, но, жеден за образование, на возрасни години завршил мала матура и потоа му се предал наполно на револуционерното движење како агитатор и организатор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
1. Макар што му одеа сите предмети освен математика и ја заврши матурата со одличен успех вклучително со примерно поведение, Миха не знаеше што ќе студира - се шлаеше по сокаци, на плажа, на корзо, скокајќи од една можност на друга, како бос по врели камења.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
3. Баге од немајкаде стана новинар. Во последниот клас од гимназијата и во последната година од окупацијата, не падна на матура ами падна во затвор
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му се предадов сиот на нејзиниот предмет, францускиот го запоставив, и таа беше првата причина што попосле, на матурата, бев еден од ретките што се определија да полагаат немски јазик.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога завршивме осмо одделение, за мала матура организиравме екскурзија околу Балатон (тоа е единственото езеро во Унгарија и многу е убаво!).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога ќе постигнеше гол на некој одлично среден германски стадион, спортските странички на весниците вадеа малечка вест за Мартин, секогаш со истата слика, онаа од матурското табло.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
До насмеаниот Мартин, сликан во зелената маичка на локалниот фудбалски клуб, стоеше мртво – сериозниот Александар во колективно - генерациското матурско црно сако и смешна тигреста кравата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во училиштето веќе на големо се правеа планови за матурската вечер. Кој во што и кој со кого.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Секако Бојана. Имај предвид дека парите кои родителите пред матура ми ги дадоа за плесна школа ги потрошив на Гардист и на цигари!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ја запозна со голата лага за големата љубов од матурската екскурзија. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше тоа истата боја и кројка како оној кога за првпат ја виде како се симнува од моторот на матурската забава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)