маченик (м.)
КЕВА: (Предвреме остарена и свената од тешки напори се да му угоди на својот маж со маченичка ревност која оди, до ропска покорност, сметајќи дека тоа е нејзина должност и нејзина судба. Облечена е сета во сив тон.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
И сега течат векови светли на шир и долж со твојата реч, само тебе, мој маченик клети, те гмечи тежок тирански меч.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Свесен дека е во првиот план на вниманието, син ѝ одеше по неа, ги покажуваше колениците со артистичен гест и сосила ги цедеше последните солзи од маченичките очи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Далеку Врз својата пепел заврни И мост од себе направи од брегов тебе маченик до брегон тебе недостижен Помини!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Зошто ти е тебе такво живеење, такво живеење е маченичко умирање.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Денеска му дојде редот и на прислужникот Петре. - Кутриот, што им скривил, маченикот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Како маченици кон светлината дури се искачувавме на постела од распеана литургија плачеше младич а поплава надоаѓаше од ридовите И кога надојдоа водите и кога се искачивме на ридот гледаме летото како се ниша од гласот на младичот - врати се девојко моја горка, со златен меч сонце преполовено мое.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
13. Пресушија водите и во таа пустина стојат осамени два брега како два маченика во дамнината.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Па и откако ќе ја пресече душманот сакам таа да лежи во оваа земја што се напои овие дни со толку маченичка крв.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се разбира, Варшава, која даде големи жртви во војната, е сета во споменици, железни спомен- плочи и слично, кои новите генрации го потстуваат за тоа дека овој град - маченик, страдалник и херој, некогаш физички уништен од Хитлерова Германија, успеал да се издигне од пепелта на уништувањето: поубав, полн со сите свои знаменитости од минатото, кои биле, кои и денес се украс на овој град.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Само четиринаесет дена изминаа отакко главните на сојовите од Потковицата го потпишаа писмото со кое од султанот бараат да им издаде одобрение за ѕидање црква, општина и училиште, ѝ само седум дена откако му го предадоа на Мустафа ефенди, прилепскиот кајмакам, за тој преку Битола и Солун да го препрати таму, во Стамбола, но и едниот и другиот ден, оној во кој го потпишаа писмото, неделата на Свети 40 Маченици, и оној во кој го предадоа, првата сабота по Свети 40 Маченици, заедно со писмото и заедно со надежите, желбите и намерите содржани во него, никој не ги ни споменува во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од средината на сечко задуваа јужни ветрови, тивки и постојани, и еве до денеска, Свети 40 маченици, деветти март, сѐ уште не престанале.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Денешни Свети 40 Маченици те стигнаа најгоре на Зедница.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Човеков е маченик. Го дал животот за света работа.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Дедо велеше: ,Кога ќе дојде празникот 40 маченици, да знаете дека и јас сум таму".
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кукулино; таа плитарска тврдина на маченици и вдовици, ја посвоило немата Ганка, да ора, да сее, да копа и да окопува со другите жени и во предвечерните часови да стои осамена и да гледа кон планините.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Додека ги бодев Нимфите тие убавици на Зевсовите води и шуми во телото на млечниот сок ја сликав маченичката мапа на сивите царства: освојувањето, немирот, јадот...
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Започна да трага – отпрвин незабележително, потоа сѐ понервозно; на третото зајдисонце, пред гробот на мачениците во апсидата на мартириумот, еден од доушниците му дошепна дека каменот е сокриен во домот на трговецот Моше, синот Азаев, во еврејскиот кварт.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Згора на сѐ жив Чанга беше со една нога во кругот на светците и мачениците, мртов Чанга ќе станеше дефинитивен маченик.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)