меден (прид.)
И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Од сички маки тешки не видовме бел ден, а од солзи жешки не стануе меден нашиот живот!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Патиштата се премачкуваат со чоколада, куќите се ѕидаат од шеќер, од реките медени риби се вадат и никој гладен не е веќе.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
До момчињата допираше нејзиното медено гласче.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
8. ВЕСЕЛО СРЦЕ КАДЕЛА ПРЕДЕ - ах, тоа вретено жилите што ги сука! ах, тој цел век од еден миг меден! ах, таа љубов - вечно неизучена ука!
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Но другите денови таа беше тука и тој беше тука за неа, се држеа за раце и шетаа околу квартот, или се возеа, додека на Мама косата ѝ се вееше како на девојче, и таа ги исклучуваше сите механички направи во кујната и му печеше неверојатни колачи и пити и медени слатки, длабоко загледувајќи му се в лице, со вистинска насмевка.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ви пееме тивко мелодија медна: за грст дијамнти земете го веднаш.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И ние сакаме румени образи, медени усни покриени со превез од свила!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Исцеди низ меденото муце: - Родена сум во татковината на играчките, земјата Дардаванија.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Дефинитивно! – беше решителен. – Мамо, дали мене ми мириса, или само ми се чини дека ми го имаш направено мојот омилен „норвешки меден колач”, оној во кој додаваш и индиски мирудии, па испаѓа норвешко-индиска комбинација?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Меден месец, млечна година. Сочна штрудла и масна закуска.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Како мал го носеше татко му кркач на манастирски празник, кога во дворот меѓу црквата и конакот беа поставени сергии со барчиња како свирчиња, зашеќерени јаболчиња на стапчиња, прапорци за угичи и порти и прапорчиња за сугариња и капиџици, картонски маски за очите со ластиче преку ушите до тилот, медени колачиња тврди како пилешки срца, до колобајчиња во различни бои, а и шарени како градски велигденски јајца.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Визија: уметност
На почетокот - сад полн сотки
медена, млечна ужина.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Додека траеше краткиот меден месец на запознавањето со заедницата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Врти се роју умен, вртлогу
ти кој си на небо, биди на земја
вртилишта, улишта, восочни легла
рам-меморија на приземје и кат давам
за твојот „латински џагор“26за твојот бесценет секрет
меден збор, афродизијак
и медовината капната од небо ти ја давам
на серафим налик и на мираз
од нечија блага душа
и изблик на вечноста ти нудам
„гола како кокошкин врат“
за да се собереш, сакана
да дојдеш на врв врба
во моето гнездо озарено со етер
со екстракт од масло
со медоносно билје
ти нудам енигматични игри
крстословки, ребуси
пополнување на празнините и сотките
осмислување на келиите -
безбројните восочни клетки
ко минијатурни смрчки
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Медените думи просто ѝ се цедеа од устата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Бакнежи горат...чувство на понор, паѓање во сладоста на медениот вкус.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)