методски (прид.)
Го напишав расказот такашто излегував да го пронаоѓам и следам. Тоа го нарекувам „методско пишување“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ова тврдење постојано методски го мелеа и сѐ повеќе распалуваа колективна омраза кон човекот за кого сме пееле песни, сме го славеле и за земјата која прва ни подаде рака, нѐ хранеше, нѐ вооружуваше и ни ги лекуваше раните.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во правилното разбирање на овој случај и применетата анализа за нашава методска единица, важно е да знаете, а тоа е толку јасно, дека саканиот што разговара со жената и што потоа легнува со неа не е Григори.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
XXVII Имаше уште многу други прашања претходно да се расчистат од теоретски и од методски карактер помеѓу Татко и Камилски, па да се започне замислената операција чистење од опасни турцизми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски, надоен со научен сорбонски дух, веруваше дека овој пристап методски би бил поуспешен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)