мешавина (ж.)
Српскиот правопис, кого српскиот јазик успешно го одвои од некогашната руско-славјанска мешавина, ќе им го открие и ќе им го омили на Македонците нивниот роден дијалект и ќе ги отуѓи од тешкиот и заплеткан историски правопис со кој се служат Бугарите и како попроста и поуслогодена работа ќе ги разниша кај народот најдлабоките корени на бугарската пропаганда и на бугарската писменост кои Бугарите ја имаат широко распространето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
-На пример, таков одвратен факт - почнува тој и ненадејно се преобразува: зазема некаков антички став, бледнее, станува сѐ помрачен, а во неговите очи, кои наеднаш се отворени неприродно широко, се пали чудна мешавина од пакост, тага и демонски начела.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тоа би бил крај за онаа плодна мешавина, создадена од бројни и еднакво нужни елементи, која се нарекува човечки род.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Понекогаш ми се смачува кога ќе видам мешавина од страв и обожување на лицето на народот, толку бесрамен јавен копнеж на стадото за водач, но ако замижам на двете очи, и тоа некако ќе го преживеам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Исходот ќе биде некој вид мешавина чијшто карактер е тешко да се предвиди.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Гротеската своето име го добила од “grotto”*, од тие јами; претходно зборувавме за лавиринтските патчиња и за начинот на којшто тие, во стилот на “орнаменти”, што е претходница на духовно поедноставената “апстрактна” уметност, се губат во псевдоспекулативната мешавина.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Нашите домови можат да се сметаат за мешавина на само-организирани и планирани компоненти: одредени предмети ќе заземат простор и ќе ја исполнат функцијата што ние намерно сме им ја доделиле, додека други ќе бидат наместени онаму каде што добро се вклопуваат во околината.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Со еден радикално конструктивистички гест Ататурк го укина старото писмо, коешто се пишуваше со арапски букви и беше мешавина од персиски, турски и арапски, и создаде нов службен јазик од народниот турски.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
- Успешната мешавина од институционализирани и не-институционализирани начини на регулација овозможува понатамошно заклучување за социјално-психолошкиот праг на дразба и ги диференцира видовите на социјален инженеринг.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Слична тенденција се воочува во Србија кадешто пак имаме држава која не се темели врз модерниот поим за народност, туку се споила со една пред-државна етничка мешавина, па така на Косово на иста територија парадоксално постојат две паралелни држави: српската државна власт и парадржавните тела на Република Косово.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И всушност, тие се некаква мешавина од обата народи, а понекогаш не се ни едните ниту другите!”
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Денешниот научник е или мешавина од психолог и инквизитор, кој до најситни детали го истражува значењето на изразите на лицето, на гестовите, на тонот, на гласот и на ефектот на дрогите во шок-терапијата, хипнозата и во физичката тортура заради извлекување на вистината; или пак е хемичар, физичар или биолог, заинтересиран само за оние гранки од својата специјалност кои се во врска со одземањето на животи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ја чувствував миризбата на неговата коса, некаква мешавина од мириси на сите мирудии што од Индија ги имаше донесено мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еве, за тебе најубавото, - и тука ме погледна, со носот покажувајќи ми накај мојата чинија каде што имаше мешавина од лигави и крцкави кожи на кокошки.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во собата владее молк. Мертен во воздухот ја чувствува мешавината од шок и надеж. Мајснер насмевнато го поддржува.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Збунката што ме прати како сенка, би ја дефинирал како мешавина од Алиса у Земјата на Чудата, Гуливеровите патувања, Волшебникот од Оз и 1984. Овој есеј е малце подугачок и е составен од повеќе мали бајчиња.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Пурим алегре!14– додека на лицето му се појави еден чуден израз, мешавина на трогнатост и пријатна возбуда.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Овдешните староседелци (иначе мешавина на Чироки, Ирокези и Команчи) живеат у посебни резервати кај што нема ни такса, ни данок, ни акциза.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Во една тоталитарна варијанта, прогресот беше претставен како мешавина на социјалниот дарвинизам, еугенизмот и науката за расата од крајот на XIX век и за создавањето на надчовекот, со цел да ја трансформира човековата историја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нејзиното офкање, со онаа специфична интонација, мешавина на задоволство и повик за милост, го излудуваше.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)