миграција ж.

миграција (ж.)

Она што е на дело сега во Европа е екстремниот раст на миграцијата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оваа миграција преку екраните во дигиталниот инфо-свет ја означува првата фаза на пост-индустриското општество.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во централното место на колекцијата беше експонатот за патот на јагулите, од Езерото до Саргаското Море и назад, со макетата на далјанот, со препарираните јагули, фатени на заминување и враќање, со сите показни индикации за нивната миграција.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се обидуваше Татко, продолжувајќи ја играта со патот на јагулите во мислите, преку инстинктивната миграција на птиците, да дојде до вистини за селидбите на луѓето, на народите, на своето семејство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Крајната цел на неговата потрага, на неговата лична Еурека, остануваше да го открие можното согласие во патиштата човекови и патиштата на миграциите на сите други суштества.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И кога одбираше кои книги ќе ги земе, покрај постојаните, пред заминувањето со вовчето, Татко ги зеде и списите за миграциите на јагулите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со оглед на чудните пресврти по пропаста на Отоманската империја, од Салоник кон Монастир се случувал прилив и одлив на сефардско население во миграции предивикани од воените плими и осеки на новиот 20 век најавен со воени случувања на Балканот, а потоа и со две големи војни што пламнаа низ целиот свет, а особено силно се разгоруваа на територијата помеѓу двата града.  Елеазар бен Цви, значи, ги знае сите факти од животот на монастирлиите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Некогаш насилната миграција од селото кон градот остави тешки последици врз развојот на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Макар што бев силно внесен во лектирата за миграциските движења на птиците, рибите, посебно јагулите, миграцијата на туната низ морињата и океаните на светот, ми беше помалку позната, а за ловот матанѕа слушав за првпат. Се согласив да појдам на овој лов...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живеејќи долги години на бреговите на едно од најстарите и најубави езера во светот, Охридското Езеро, уште од раните па до доцните години на животот ги следев со посебно внимание миграциските процесии на птиците и рибите кои започнуваа и завршуваа во езерото и неговите брегови, како еден од планетарните центри на големите преселби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За нивните хибернации во текот на зимите, за миграциите при кои минуваат и по неколку иљади километри, за мимикријата која им помага да ги избегнат опасностите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Шефот имаше силна моќ: тој ја водеше Агенцијата за борба против трговија со луѓе и нелегална миграција, со ингеренции над Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе и над машкиот и женскиот оддел на Прифатниот центар за странци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Агенцијата имаше простории во зградата на Регионалниот центар на Светската организација за миграции, во елитниот дел на Метрополата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)